The words you are searching are inside this book. To get more targeted content, please make full-text search by clicking here.
Discover the best professional documents and content resources in AnyFlip Document Base.
Search
Published by fsimevski, 2016-01-14 17:22:21

Severoistocen region FINAL MKD

Severoistocen region FINAL MKD

ПРОГРАМА ЗА РАБОТА
НА ПЛАТФОРМАТА ЗА
РЕГИОНАЛНА РУРАЛНА
АКЦИЈА ВО СЕВЕРОИСТОЧЕН
ПЛАНСКИ РЕГИОН (2015-2017)
СО АКЦИСКИ ПЛАН (2015-2016)

Нарачател: Центар за развој на Североисточен плански регион
За потребите на: ул. Илинденска ББ, кат 1, Куманово www.
northeastregion.gov.mk
Изготвил:
Проект: Платформата за Регионална Рурална Акци­ја во
Североисточен плански регион
Временска рамка: ул. Илинденска ББ, кат 1, Куманово
Имплементатор: www.northeastregion.gov.mk

Гесталт Солутионс д.о.о. ул.Христијан Карпош бр. 57,
Штип, www.gestaltsolutions.com.mk

Иновативни решенија за подобрување на пристапот
до услуги на локално ниво - Активност за
воспоставување на Плат­фор­мата за Регионална
рурална акција во Североисточен плански регион

Јануари- Декември 2015

Центар за развој на Североисточен плански регион

Куманово, Октомври 2015

Воспоставување на Платформата за Регионална Рурална Акција во СИПР е технички
и финансиски помогнато од страна на Министерството за локална самоуправа на РМ и
Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)

Проектот Воспоставување на Платформата за Регионална рурална акција во
Североисточен плански регион се реализира од страна на Центарот за развој на
Североисточен плански регион, со техничка и финансиска поддршка од страна на
Министерството за локална самоуправа и Програмата за развој на Обединетите
нации (UNDP):

► Центарот за развој на Североисточен плански регион (ЦРСИПР) е правен
субјект кој учествува во планирање на регионалниот развој, спроведување
на плански документи за регионален развој и е задолжен за вршење на
стручните и административно-техничките работи за Советот за развој
на Североисточниот плански регион: врши стручни и административно –
технички работи за потребите на Советот за развој на планскиот регион;
подготвува предлог – проекти за развој на планскиот регион и за подрачја
со специфични развојни потреби; ја потикнува меѓуопштинската соработка;
обезбедува стручна и техничка помош на ЕЛС при изготвување на нивните
развојни програми ; обезбедува стручни услуги на НВО и здруженија на
граѓани при подготовка на проекти од областа на регионалниот развој;
врши промоција на развојните можности на регионот; спроведува развојни
проекти за поттикнување на развој финансирани од фондовите на ЕУ и
други меѓународни извори; остварува соработка со донаторската заедница

во државата; ја потикнува меѓуграничната соработка. Центарот
активно се вклучува во искористување на развојните можности кои ги
нудат претпристапните европски фондови ИПА, со организирање на
информативно-едукативни работилници за сите заинтересирани страни
како и со директно аплицирање со развојни проекти.

► Министерството за локална самоуправа е надлежно за водење
на политиката за поттикнување рамномерен регионален развој.
Министерството за локална самоуправа во соработка со другите
министерства што превземаат мерки за поттикнување на развојот ја
дефинира и спроведува политиката за поттикнување рамномерен
регионален развој согласно целите на економската политика на
Владата на Р. Македонија и програмските документи за интеграција на Р.
Македонија во Европската унија.

► Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) во Р. Македонија
ја поддржува Р. Македонија на патот кон Европската унија, во градењето
на инклузивно општество, општество каде секој има пристап до услуги
и може да учествува во процесот на носење на одлуките кои влијаат на
неговиот живот. УНДП ѝ помага на Р. Македонија да постигне одржлив
развој, како и во борбата против еколошките предизвици. Поддршката на
УНДП за Р. Македонија вклучува: развој на човечки и институционални
капацитети, обезбедување знаења, нудење солуции за проблемите,
градење партнерства и обезбедување фондови за развој.

СОДРЖИНА:

1. ЗА ПЛАТФОРМАТА ЗА РЕГИОНАЛНА РУРАЛНА АКЦИЈА..................8
2. МЕТОДОЛОГИЈА ЗА ПОДГОТОВКА И ИЗРАБОТКА НА ПРОГРАМА

ЗА РАБОТА НА ПЛАТФОРМАТА ЗА РЕГИОНАЛНА РУРАЛНА
АКЦИЈА (2015-2017) СО АКЦИСКИ ПЛАН (2015-2016).......................9
3. СЕВЕРОИСТОЧЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН..............................................19
3.1 Територија и население .................................................................22
3.2. Економски трендови во регионот ................................................25

3.2.1 Бруто домашен производ и инвестиции...............................26
3.2.2. Претпријатија по дејност и големина ..................................28
3.3. Рурален развој ..............................................................................29
3.4. Туристи во регионот ......................................................................32
3.4.1. Капацитети за сместување ..................................................32
3.4.2. Туристи, ноќевања и просечни денови на престој .............34
4. ТРЕНДОВИ ВО РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ................................................35

4.1. Наоди за застапеност на СИПР во Националните
програми за рурален развој и рурален туризам......................37

4.2. Идентификувани синџири на вредности во Североисточниот
плански регион..............................................................................40

5. SWOT АНАЛИЗА НА ЕКОНОМСКИОТ РУРАЛЕН РАЗВОЈ НА
РЕГИОНОТ............................................................................................ 43

6. ПРИОРИТЕТНИ ЦЕЛИ НА ПЛАТФОРМАТА ЗА РЕГИОНАЛНА
РУРАЛНА АКЦИЈА................................................................................51

6.1. Приоритетна цел 1: Подобрување на инфраструктурата
за поттикнување на руралниот развој во Североисточниот
плански регион...........................................................................54

6.2. Приоритетна цел 2:Промоција на традицион­ алните вредности
и екологијата во Североисточниот плански регион................56

6.3. Приоритетна Цел 3: Промоција на туризмот и развој на
претприемништвото во Североисточниот плански регион.....58

6.4. Приоритетна цел 4:Развој на капацитетите за промоција на
земјоделието и регионален развој
на Североисточниот плански регион........................................59

7. АКЦИСКИ ПЛАН ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПРОГРАМАТА ЗА
РАБОТА НА ПРРА (2015-2016)............................................................61



ЛИСТА НА АКРОНИМИ ПРОГРАМА ЗА РАБОТА НА ПЛАТФОРМАТА ЗА РЕГИОНАЛНА РУРАЛНА АКЦИЈА ВО СЕВЕРОИСТОЧЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН (2015-2017) СО АКЦИСКИ ПЛАН (2015-2016)

БДП Бруто домашен производ
ДСЗ Државен завод за статистика
ЕУ Европска унија
ИПАРД Инструмент за претпристапна помош за рурален
развој
ЛАГ Локални акциска група
МЗШВ Министерство за земјоделство, шумарство и
водостопанство
МОС Меѓуопштинска соработка
НВО Невладина организација
ПРРА Платформа за регионална рурална акција
РМ Република Македонија
СИПР Североисточен плански регион
СТО Светска трговска организација
УНДП Програма за развој на обединетите нации
ФИТР Фонд за иновации и технолошки развој
ЦРСИПР Центар за развој на Североисточен плански
регион

1.

ЗА ПЛАТФОРМАТА ЗА
РЕГИОНАЛНА РУРАЛНА
АКЦИЈА

Рамката за применета регионалната развојна политика е втемелена во Законот ПРОГРАМА ЗА РАБОТА НА ПЛАТФОРМАТА ЗА РЕГИОНАЛНА РУРАЛНА АКЦИЈА ВО СЕВЕРОИСТОЧЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН (2015-2017) СО АКЦИСКИ ПЛАН (2015-2016)
за рамномерен регионален развој од 2007 година и Националната Стратегија за
регионален развој 2009-2019. Платформата за Регионална Рурална Акција (ПРРА)
е механизам за поддршка на одржлив економски развој во Североисточниот
плански регион. Целта на креирање на платформа за развој на руралната
економија во регионот е опфат и вмрежување на силно поврзаните области:
земјоделие, туризам, трговија, производство, кои во исто време се независни и
мулти-секторски, а нивната меѓусебна соработка би резултирала со добивање
на поефикасни и интегрирани економски целини и процеси

2

Воспоставената Платформа за регионална рурална акција на
Североситочниот плански регион е постојано зедничко тело составено од 17
членови и тоа: 1 преставник на ЦРСИПР; 6 преставници на општините; 3
претставници на приватни бизнис оператори и 7 преставници на граѓанскиот
сектор. Основен акт за формирање и работа на ПРРА е Деловникот за работа
донесен на 21.05.2015 година.

Во Платформата за регионална рурална акција се активирани поголем број
на засегнати страни во Североисточниот плански регион како целна област, за
да се дизајнира и концептуализира руралниот развој на регионот. Оваа платформа
претставува институционална и легална рамка за имплементација на акции
поврзани со руралниот развој чие влијание е на целиот регион и идентификуваните
вредносни синџири во него.

Платформата за регионална рурална акција треба да им овозможи на
креаторите на применетите политики (општините) да создаваат ефикасни алатки
за привлекување нови бизниси со придобивки од создадените работни места,
даноците, додека пак за економските субјекти обезбедување на систематска и
стабилна структура за поддршка на идниот раст.

Целта на Платформата е континуирано да идентификува, координира и да нуди
решенија за економските проблеми во регионот. Платформата развива систем на
етаблирање и одржување на синергии помеѓу јавниот и приватниот сектор за да
послужи како центар (хаб) за процесите за собирање на информации по однос на
вистинските потреби на реалниот сектор на локално ниво, во регионот како и помеѓу
регионите. Ова ќе овозможи јавниот сектор да има јасна слика (познавања) за
потенцијалот и можностите кои приватниот сектор ги поседува, како и за потребите
на приватниот сектор. Истовремено, Платформата ќе им помага на компаниите да
развијат одржливи вредносни синџири и да употребуваат локални ресурси со цел
да постигнат поголеми придобивки од нивните производи и услуги. На некој начин,
целта е да се направи комбинација на принципите и процесите на локален
економски развој и вредносни синџири во една структурна целина/место.

Платформата за регионална рурална акција ќе има комп­ ле­ментарна улога
на акциите од горенаведените цели со главен фокус на економијата во руралните
области. Дополнително, ќе ја подобри и имплементацијата на применетите
политики за децентрализација кои се однесуваат на руралните области, создадени
на национално ниво. Со други зборови, ПРРА ќе биде поддршка на Општините и
Североисточниот плански регион по однос на владеењето, двата ЛАГови, како и

3

по однос на имплементирањето, во нивните обиди за регионално рурално ПРОГРАМА ЗА РАБОТА НА ПЛАТФОРМАТА ЗА РЕГИОНАЛНА РУРАЛНА АКЦИЈА ВО СЕВЕРОИСТОЧЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН (2015-2017) СО АКЦИСКИ ПЛАН (2015-2016)
економско возобновување и развој.

Основни и фундаментални критериуми за воспоставуање на Платформата за
Регионална Рурална Акција се:

► Потребата за воспоставување на економски врски засновани на
моменталната регионална економија и компатибилност на економските
структури

► Искористување на близината на атрактивни пазари – национални и
интернационални (Косово, Србија и Бугарија)

► Демографска ситуација која се карактеризира со потенцијал на човечки
капитал и висока стапка на невработеност

► Можности за раст во земјоделието
► Хомогени карактеристики на природни ресурси: обработливо земјиште,

биодиверзитет, агро-бизнис и структура на фарми
► Потенцијал за развој на „зелени“ индустрии како и подобрување на

заштитата на природата при вршење економски активности
► Потребата за подобрување на постоечката физичка инфраструктура

(конверзија на стари и напуштени објекти/куќи/училишта во економски
единици т.е. микро „brownfield“ инвестиции)
► Искористување на економските можности за подобрување на
прекуграничната бизнис соработка (развој на прекугранични синџири
на вредности)

Прва заедничка акција на ППРА е донесување на Програма за работа која дава
информации за обемот и квалитетот на активностите кои би се спроведувале
согласно дефинираните индикатори. Дополнително, Програмата за работа на
Платформата за Регионална Рурална Акција дава соодветни препораки за
надминување на предизвиците и проблемите во спроведувањето и одредени
насоки за идно поквалитетно планирање и спроведување на новите стратешки
документи за развој и подобрување на вертикалните структури – синџири на
вредности. Оваа Програма ќе се спроведува преку два Акциски планови и тоа:

4

првиот за период 2015-2016 и вториот за 2017 година, кој што ќе се подготви на
крајот на 2016 година. Активностите во рамките на Акцискиот план од оваа
Програма се со зададени временски рамки, при што активностите за кои се
предвидува дека ќе има можност (и средства) да се имплементираат во периодот
кој следува се зададени со очекуван период на имплементација изразен во месец
и година, додека останатите активности се временски детерминирани само со
2017, а точниот период на нивна имплементација ќе биде даден во акцискиот план
кој ќе биде изготвен на крајот на 2016 година.

Програмата ќе обездеди поефикасен пристап на општините, нејзините јавни
институции, приватните економски оператори и граѓаните до поволностите кои
постојат на национално и меѓународно ниво за ова намена и ќе го подготови
планскиот регион и незјините граѓани за преземање мерки за формирање на идни
Локални акциони групи (ЛАГ) во двата микро-региони, согласно ЛЕАДЕР пристапот
како ИПАРД мерка.

Програмата за работа на Платформата за регионална рурална акција во
Североисточен плански регион (2015-2017) со Акциски план содржи вкупно 4
приоритетни цели:

5

Приоритетна цел 1 Подобрување на инфраструктурата за остварување
економски регионален развој во Североисточниот
Приоритетна цел 2 плански регион
Приоритетна цел 3
Приоритетна цел 4 Промоција на традиционалните вред­ности и
екологијата во Североисточниот плански регион

Промоција на туризмот и развој на претприемништвото
во Североисточниот плански регион

Развој на капацитетите за промоција на земјоделието
и регионален развој на Североисточниот плански
регион

Во рамките на секоја приоритетна цел се формулирани по неколку активности
и мерки кои ќе бидат имплементирани како дел од Акцискиот план. Секоја од
активностите вклучува назив на активноста, носители и партнери на/во активноста,
начин на спроведување, временска рамка, индикатори на успешност, буџет и
потенцијални извори на финансирање.

Активностите кои ќе бидат имплементирани во рамките на секоја од наведените
приоритетни мерки се дадени во табелата на следната страна:

6

Табела 1: ─ Активности во рамки на приоритетни цели на Програма
за работа на Платформата за регионална рурална акција (ПРРА) во
Североисточен плански регион (2015-2017) со Акциски план

Приоритетна цел 1

1.1. Партерно уредување и озеленување на излетнички места и паркови
1.2. Преадаптација на стари селски објекти, згради и училишта во функција

на развој на туризмот
1.3. Уредување на влезот на Бислимска клисура и обележување на

патеките
1.4. Поставување на унифицирани билборди за означување на

знаменитостите во СИПР
1.5. Реконструкција и осовременување на регионалниот сточен пазар во с.

Долно Коњаре
1.6. Поставување на тезги на продажни места на регионалните патишта во

СИПР
1.7. Реновирање на селски плоштади и чешми
1.8. Регулирање на речното корито на Пчиња
1.9. Изградба на систем за наводнување на земјоделски површини од

Крива река и Пчиња
1.10. Поставување на нови автобуски постојки како и соодветни туристички

огласни паноа на територија на СИПР
1.11. Поставување на одмаралишта за пешаци, велосипедисти и туристи

долж регионалните патишта во СИПР

Приоритетна цел 2

2.1. Заштита и унапредување на локалитетот Куклица
2.2. Едукација за локални традиционални занаети во руралните средини
2.3. Издавање на Готвач со специјалитети/здрава храна од СИПР
2.4. Зајакнување на еколошката свест за примарно селектирање на отпад
2.5. Издавање на Трилогија од народни изворни фолк мелодии од СИПР
2.6. Поддршка за Европски фестивал на тамбурашки оркестри

7

2.7. Брендирање на традиционални производи од СИПР ПРОГРАМА ЗА РАБОТА НА ПЛАТФОРМАТА ЗА РЕГИОНАЛНА РУРАЛНА АКЦИЈА ВО СЕВЕРОИСТОЧЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН (2015-2017) СО АКЦИСКИ ПЛАН (2015-2016)
2.8. Подигање и зајакнување на еколошката свест на граѓаните за

обновливите извори на енергија
2.9. Заштита на биодиверзитетот во Североисточниот плански регион
2.10. Организирање на Регионална Пивтијада во СИПР

Приоритетна цел 3

3.1. Опремување на туристичко биро и обезбедување на мини бус за
потребите на туристичкото биро

3.2. Мапирање на облици на рурален туризам и создавање на туристички
регистар

3.3. Изготвување на техничка документација за адаптација на објекти за
потребите на туризмот во регионот

3.4. Изработка на туристички водич и промотивни материјали за СИПР
3.5. Обука за земјоделски претприемачи - „Преку иновации до

конкурентност“
3.6. Мотивациона обука за започнување бизниси во земјоделието
3.7. Обуки за жени претприемачи

Приоритетна цел 4

4.1. Поставување на електронска берза за продажба на земјоделски и
сточни производи

4.2. Подигање на свесноста на жените за регионалниот развој
4.3. Подигање на свесноста на земјоделците за воведување ЕУ

стандарди
4.4. Едукација за можностите и начините за одгледување на органска

храна и нови видови на растенија
4.5. Едукација на земјоделците за предностите на систем на

наводнување „капка по капка“
4.6. Обука за алтернативни извори на финансисрање на земјоделите
4.7. Мапирање на автохтони животински и растителни видови од регионот
4.8. Основање на Центар за рурален развој и промоција на платформата

8

2.

МЕТОДОЛОГИЈА ЗА
ПОДГОТОВКА И ИЗРАБОТКА
НА ПРОГРАМА ЗА РАБОТА
НА ПЛАТФОРМАТА ЗА
РЕГИОНАЛНА РУРАЛНА
АКЦИЈА (2015-2017) СО
АКЦИСКИ ПЛАН (2015-2016)

Платформата за Регионална Рурална Акција (ПРРА) е механизам за ПРОГРАМА ЗА РАБОТА НА ПЛАТФОРМАТА ЗА РЕГИОНАЛНА РУРАЛНА АКЦИЈА ВО СЕВЕРОИСТОЧЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН (2015-2017) СО АКЦИСКИ ПЛАН (2015-2016)
поддршка на одржлив економски развој во Североисточниот плански регион
и претставува облик на меѓуопштинска соработка (МОС) – Заедничко работно
тело на општините од Североисточниот плански регион (СИПР) за поддршка
на економскиот развој на руралните подрачја и населени места во регионот.
Општа цел на ПРРА е континуирано да идентификува, координира и нуди
решенија за економските проблеми во руралните подрачја во Североисточен
плански регион, развивајќи притоа одржлив систем на етаблирање и
одржување на синергии помеѓу јавниот, невладиниот и приватниот сектор.
Креирањето на платформа за развој на руралната економија во регионот е
потреба која има за цел да ги опфати и вмрежи силно поврзаните области:
земјоделие, туризам, трговија, производство, кои во исто време се независни
и мулти-секторски. Ваквата активност би резултирала со добивање на
поефикасни и интегрирани економски целини и процеси. Во таа насока е и
изработката на оваа Програма.

Со цел квалитетно извршување на гореспоменатите активности,
економскиот оператор во соработка на Центарот за развој на СИПР и други
засегнати чинители на самиот почеток на оваа активност дефинира
Методологија за подготовката и изработката на Програмата која ги содржи
следните 4 фази:

Табела 2: ─ Методологија за подготовка и изработка на Програма за
работа на Платформата за Регионална Рурална Акција (ПРРА) (2015-
2017) со Акциски план (2015-2016)

I Фаза

Описна анализа на релевантни документи за Североисточниот плански
регион, анализа на трендовите и изработка на SWOT анализа на СИПР

II Фаза

Собирање на предлог идеи од релевантни чинители

III Фаза

Разработка на добиените предлог идеи

10

IV Фаза

Изготвување на нацрт и финална верзија на Програмата за работа со
Акцискиот план

Изработката на Програма за работа на Платформата за рег­ ион­ ална
рурална акција (2015-2017) со Акциски план (2015-2016) ги вклучи следните
активности во рамки на наведените фази:

1. Описна анализа преку деск истражување на сите реле­вантни документи
кои се однесуваат на Североисточниот плански регион и општините кои
се дел од него. Стратешки документи за Североисточниот плански регион
предмет на ова деск истражување се:

● Програма за развој на Североисточен плански регион (2015-2019)
● Акциски план за 2015 година за имплементација на Програмата за

развој на Североисточен плански регион
● Стратешки план на Центарот за поддршка на развојот на Североисточен

плански регион (2013-2017).

Деск истражувањето ги зеде во предвид и сите постоечки закони,
регулативи и стратегии на државно, регионално и локално ниво кои се од
интерес за изработка на Програмата на Платформата за Регионална Рурална
Акција. Во деск истраж­ увањето беа анализирани повеќе од 10 закони и 15
плански и стратешки национални, регионални и локални документи.

Документите и средствата за планирање на развојот на регионот се
разгледувани на три нивоа: национално, регионално и општинско ниво.

На национално ниво планирањето на развојот се врши преку законите,
стратегиите и програмите на Владата на Република Македонија

● Закон за рамномерен регионален развој1 на РМ, кој ја дефинира
институционалната рамка, носителите на политиката на национално и
регионално ниво. Со овој закон е даден мандат на Центрите за развој на
планските региони за спроведување на политика за рамномерен
регионален развој.

● Закон за туристичката дејност 2, со кој се уредува вршењето на туристичката
дејност.

● Закон за иновациската дејност 3, кој го дефинира основањето на Фонд за
иновации и технолошки развој (ФИТР), координиран од Министерство за
образование,

11

● Закон за концесии и други видови на јавно приватно партнерство4 ПРОГРАМА ЗА РАБОТА НА ПЛАТФОРМАТА ЗА РЕГИОНАЛНА РУРАЛНА АКЦИЈА ВО СЕВЕРОИСТОЧЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН (2015-2017) СО АКЦИСКИ ПЛАН (2015-2016)
● Закон за основање на Агенција за поддршка на претприемништвото на

Република Македонија5
● Закон за основање на Агенција за странски инвестиции и промоција на

извозот на Република Македонија6
● Законот за основање Агенција за финансиска поддршка во земјоделството

и руралниот развој7
● Закон за технолошки индустриски развојни зони8
● Закон за Македонска банка за поддршка на развојот9, за формирање на

институцијата која дава поволни кредитни линии по преференцијални
услови и субвенционирани камати.
Најзначајни стратегии, планови и програми за поддршка на развојот на
приватниот сектор во Македонија се следните:

● Програма на Владата на Република Македонија за периодот 2014 – 2018 г
● Пред-пристапна Економска Програма 2014 – 2016 подготвена од страна

на Министерството за финансии
● Стратегија за регионален развој на РМ 2009-2019 година моментално

во процес на ревизија за периодот 2015-2019 година подготвена од
Министерството за локална самоуправа
● Акциски план за спроведување на Стратегија за регионален развој на РМ
2013 – 2015 подготвен од Министерството за локална самоуправа
● Програми за развој на планските региони подготвени со учество на
Министерството за локална самоуправа, Бирото за регионален развој,
Советите и Центрите за развој на планските региони
● Стратегија за индустриска политика 2009-2020 година
● Програма и план за изградба на технолошко – индустриски развојни зони
изработена од Дирекцијата за ТИРЗ
● Ревидирана Национална Стратегија за развој на малите и средни
претпријатија (2002 – 2013)
● Стратегија за развој на туризмот во РМ (ревидирана за периодот до 2015
г.) подготвена од Министерство за економија
● Национална Стратегија за рурален туризам 2012 – 2017 подготвена од
Министерство за економија
● Национална Програма за развој на земјоделството и рурален развој
за период од 2013 – 2017г. и Национална Стратегија за земјоделство и
рурален развој за периодот 2007 – 2013 (предмет на ревизија), подготвени
од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
● Национална стратегија за вработување до 2015 година подготвена од
Министерство за труд и социјална политика
● Акциски план за вработување на младите во РМ 2015 година подготвен
од Министерство за труд и социјална политика

12

● Стратегија за иновации 2012-2020, која започнува со спроведување во
2014 година, подготвена од Министерство за образование и наука.

Финансиски средства за потикнување на развојот на национално ниво се
обезбедуваат преку следните извори:

● Буџет на Република Македонија за реализирање на програмите по сектори
и намени, субвенционирање на земјоделието и туризмот, како и за
поттикнување на вработувањето, извозот и привлекување на странски
инвеститори;

● ЕУ фондовите за претпристапна помош, преку петте компоненти;
● ЕУ програмите Хоризон 2020, КОСМЕ, Лајф + и други;
● Билатералната странска помош која се планира со секоја земја поединечно,

според намени и критериуми за користење;
● Кредити од комерцијални банки наменети за јавните институции и за

приватниот сектор
● Јавни приватни партнерства за мобилизирање на приватен капитал за

испорака на јавни услуги.

* За потребите на програмата се земени предвид само документите и
средствата што се однесуваат на руралниот развој.

На регионално ниво планирањето на развојот се одвива преку Центарот
за развој на Североисточниот плански регион. Координацијата и соработката
на Центарот за развој на Североисточниот плански регион со институциите
(вертикално и хоризонтално) е прикажана на органограмот бр.1.

За наредниот период донесени се три документи за координирање на
развојот на регионот:

а) Програма за развој на Североисточен плански регион 2015-2019
б) Годишен Акциски план за 2015 година за спроведување на Програмата

за развој на Североисточниот плански регион 2015 - 2019
в) Стратешки план за Центарот за развој на Североисточниот плански

регион за 2013-2017 година

На општинско ниво развојот се планира преку локалните стратегии за
локален развој, социјална инклузија, локалните еколошки акциски планови,
локалните планови за вработување, под-стратегиите за рурален развој, како
и преку годишните планови за остварување на законските надлежности на
локалната самоуправа. Финансирањето на развојот главно е преку општинскиот
буџет и преку повлекување на средства од програмите на национално ниво,
како и со аплицирање на проекти за грантови од меѓународните програми и

13

Национално ниво ПРОГРАМА ЗА РАБОТА НА ПЛАТФОРМАТА ЗА РЕГИОНАЛНА РУРАЛНА АКЦИЈА ВО СЕВЕРОИСТОЧЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН (2015-2017) СО АКЦИСКИ ПЛАН (2015-2016)

Регионално ниво

Платформа за
рурална акција

Општинско ниво

Органограм 1: ─ Институции за поддршка на развојот на регионот (извор: Студија за
можностите за испорака на услуги кон приватниот сектор од страна на Центрите за
развој на планските региони, Јули 2014, УНДП, Прилагодена).

фондови. Незначително е учеството на задолжувања и проекти за јавно-
приватни партнерства.

Во првата фаза од подготвувањето на оваа Програма беше спроведена
SWOT анализа за економскиот рурален развој на регионот при што беа
нотирани силните и слабите страни за економскиот рурален развој на
Североисточниот плански регион како и потенцијалните можности и закани
за истиот.
2. Собирање на предлог идеи од релевантни чинители. Фазата на

собирањето на предлог идеи започна со изработка на Анкетен прашалник
за предлог идеи од страна на економскиот оператор. Анкетниот прашалник
беше конципиран на јасен и разбирлив начин и на начин кој на релевантните
чинители нема да им одземе премногу време за пополнување.
Анкетниот прашалник за предлог идеи овозможи опис на проектните идеи
преку пополнување на секциите:

● Краток опис на проектот;
● Цел на проектот;

14

● Целни групи;
● Проектни активности;
● Очекувани резултати;
● Временска рамка;
● Потребни средства.

Изготвениот анкетен прашалник потоа беше доставен на одобрување до
Центар за развој на Североисточен плански регион - Куманово. По одобрување
на прашалникот, одговорните лица во Центар за развој на Североисточен
плански регион истиот го доставија до целните групи на ПРРА и релевантните
чинители во регионот. Анкетниот прашалник за предлог идеи беше доставен
до:

● ЛЕР одделенијата при локалните самоуправи од општините во
Североисточниот плански регион;

● Локалните акциони групи (ЛАГ-ови);
● Бизнис секторот од регионот;
● Правните лица и организациите од областа на туризмот и руралниот

развој;
● Невладините организации.

Финалната верзија на Анкетниот прашалник беше поставена и на веб
страната на Центарот за развој на Североисточен плански регион од каде
заинтересираните чинители имаа пристап во секое време за да го пополнат
и истиот пополнет со предлог идеите да го достават до Центарот за развој.
На релевантните чинители од регионот им беше оставен временски период
од неколку недели за доставување на нивните проектни идеи. Оваа активност
беше спроведена во периодот април - мај 2015 година, кога чинителите од
регионот и ги доставуваа своите предлог идеи. Со цел да им се излезе во
пресрет на релевантните чинители, но и со цел да се добијат што е можно
поголем број на квалитетни идеи, економскиот оператор во соработка со
одговорните лица од ЦРСИПР го продолжи периодот за доставување на
проектни идеи и по дводневна работилница, организирана на 12 и 13 јуни
2015 година во Охрид. Дополнително, добиените предлог идеи беа разработени
и претставени од страна на економскиот оператор на еднодневната
работилница во Куманово, а квалитетните предлог идеи беа и дополнително
вметнати во акцискиот план.

3. Разработка на добиените предлог идеи. Благодарение на претходно
наведената активност за собирање на предлог идеи, беа добиени 57
проектни идеи кои најпрво беа поделени во 2 групи:

15

► Проектни идеи за инфрастуктурни проекти ПРОГРАМА ЗА РАБОТА НА ПЛАТФОРМАТА ЗА РЕГИОНАЛНА РУРАЛНА АКЦИЈА ВО СЕВЕРОИСТОЧЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН (2015-2017) СО АКЦИСКИ ПЛАН (2015-2016)

► Проектни идеи за „меки“ проекти.

Од областа на инфраструктурните проекти беа добиени 16 проектни идеи,
а од областа на меките проекти беа добиени вкупно 41 проектна идеја. Сепак
при разработката на проектните идеи економскиот оператор увиде дека дел
од овие проектни идеи се повторуваат или се многу слични, па се направи
дополнително припојување на дел од проектните идеи.

Проектните идеи од областа на „меките“ проекти беа дополнително
анализирани според темата на која и припаѓаат. Проектниот тим увиде 5
главни тематски групи и беше извршена поделба на добиените проектни идеи
според овие 5 главни тематски приоритети:

Табела 3: ─ Проектни идеи за „меки“ проекти

Тематски приоритет Број на добиени проектни идеи

Промоција на традиционални вредности 11
Екологија 7
Туризам 6
Претприемништво и економија 6
Рурален развој и земјоделие 11

Промоција на традиционални вредности
Екологија
Туризам
Претприемништво и економија
Рурален развој и земјоделие

Слика 1: ─ Теми на проектни идеи за „меки“ проекти

16

Во рамките на оваа, трета, активност од подготовката и изработката на
Програма за работа на ПРРА 2015-2017 со Акциски план за 2015-2016 година,
беше имплементирана и дводневна работилница, организирана од Центарот
за развој на Североисточен плански регион на 12 и 13 јуни 2015 година во
Охрид.

Целта на оваа работилница беше претставување на добиените предлог
проектни идеи по категории и селекција на проектни идеи кои ќе бидат
вклучени во Акциониот план, кој е дел од оваа Програма. На оваа работилница
зедоа учество 40 претставници на јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор
од Североисточниот плански регион. За време на работилницата беа
користени соодветни партиципативни методи со кои се анимираа учесниците
и преку интерактивни вежби во групи истите активно учествуваа во обуката.

Во првиот дел од дводневната работилница се изврши презентација на
изготвената Методологија за подготовка на предлог Програмата за работа на
заедничкото работно тело по што беа претставени и добиените проектни
идеи. Вториот дел од оваа работилница беше наменет за разработка на овие
идеи од страна на учесниците, со што економскиот оператор доби основа за
нивно понатамошно дополнување и вклучување во Акциониот план.

За време на дводневната обука учесниците ги дефинираа приоритетите
на Програмата и извршија селекција на проектните идеи. Потоа се пристапи
кон изработка на првата верзија на Акцискиот план за спроведување на
Програмата на ПРРА.

Во Акцискиот план на Програмата за ПРРА се идентификувани 36
активности кои можат да се имплементираат како дел од оваа Програма.
Вкупната вредност на овие планирани активности изнесува 329.265.000,00
денари, средства кои се предвидува да се обезбедат од буџетите на
општините во СИПР, меѓународните донаторски организации, национални
програми како и сопствени контрибуции на Центарот за развој на
Североисточниот плански регион и неговите патнери.

4. Изготвување на нацрт и финална верзија на Програмата за работа на
ПРРА со Акциски план. Финална фаза во рамките на процесот на
подготовка и изработка на Програма за работа на Платформата за
регионална рурална акција (2015-2017) со Акциски план (2015-2016) беше
изготвување на нацрт и финална верзија на Програмата за работа и
Акцискиот план. Во оваа фаза прва активност беше изготвување на нацрт
верзијата на Програма и Акцискиот план. Оваа верзија на Програмата на
работа на ПРРА беше доставена најпрво до Центар за развој на
Североисточен плански регион - Куманово на првично разгледување на
содржината на истата. По инкорпорирање на сугестиите од страна на
Центарот за развој на Североисточниот плански регион, истата беше
доставена до сите релевантни чинители во регионот: Општините во

17

Североисточниот плански регион, Центарот за развој на Североисточен ПРОГРАМА ЗА РАБОТА НА ПЛАТФОРМАТА ЗА РЕГИОНАЛНА РУРАЛНА АКЦИЈА ВО СЕВЕРОИСТОЧЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН (2015-2017) СО АКЦИСКИ ПЛАН (2015-2016)
плански регион, Локалните акциони групи, граѓанскиот и бизнис секторот
како и останати засегнати страни. На релевантните чинители им беше
даден еднонеделен период за давање забелешки и сугестии по основ на
изработената драфт верзија.

По добивањето на сугестиите и забелешките од релевантните чинители,
на 03 Јули 2015 година во Куманово се одржа еднодневна работилница, со
цел дефинирање на предлог верзијата на Програмата со Акцискиот план и
селектирање на 4 проектни идеи, кои треба да се разработат во проекти. За
време на оваа работилница беше разгледана предлог верзијата на Програмата
и од страна на релевантните чинители од Североисточниот плански регион
беа дадени сугестии, кои беа инкорпорирани во финалната верзија на
Програмата. На оваа еднодневна работилница предлог верзијата на Акцискиот
план (со предложените проектни идеи) беше ставен на гласање и
координативното тело на ПРРА едногласно ја прифати оваа верзија изработена
од економскиот оператор. Потоа тимот на Гесталт Солутионс д.о.о. премина
кон изработка на финалната верзија на Програма за работа на ПРРА 2015-
2017 со Акциски план за 2015-2016 година. Изработената финална верзија
од Програма за работа на ПРРА 2015-2017 со Акциски план за 2015-2016
година потоа беше доставена на финално одобрување до Центар за развој
на Североисточен плански регион - Куманово.

Изработката на Програма за работа на ПРРА 2015-2017 и Акционен план
за 2015-2016 година се имплементираше на максимално транспарентен начин
со активно вклучување на главните чинители од Североисточниот плански
регион на Р. Македонија:

● Општините во Североисточниот плански регион;

● Центарот за развој на Североисточен плански регион;

● Агенцијата за вработување на Р. Македонија - Центрите за вработување

во општините на Североисточен плански регион;

● Агенцијата за поддршка и развој на земјоделството;

● Граѓанскиот и бизнис секторот.

*Предлог Методологијата за подготовка и изработка на Програма за работа
на Платформата за регионална рурална акција (2015-2017) со Акциски план
(2015-2016) беше презентирана, разгледана и усвоена од ПРРА на нејзината
прва седница оддржана во месец Мај, 2015 година. За време на оваа седница
беа добиени сугестии за Методологијата и истите беа инкорпорирани од
страна на економскиот оператор во финалната верзија на Методологијата.

18

3.

СЕВЕРОИСТОЧЕН
ПЛАНСКИ РЕГИОН

Североисточниот плански регион го опфаќа крајниот сев­ ерои­ сточен дел ПРОГРАМА ЗА РАБОТА НА ПЛАТФОРМАТА ЗА РЕГИОНАЛНА РУРАЛНА АКЦИЈА ВО СЕВЕРОИСТОЧЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН (2015-2017) СО АКЦИСКИ ПЛАН (2015-2016)
на Република Македонија и се простира по течението на реките Пчиња и
Крива Река. Регионот е еден од најмалите по површина. Неговата вкупна
површина изнесува 2.310 km2, односно 8,98% од вкупната територија на
Република Македонија. Регионот има 6 општини: Липково, Куманово, Старо
Нагоричане, Кратово, Ранковце и Крива Паланка и се протега долж границите
со Република Косово, Република Србија и Република Бугарија.

Слика 2: ─ Местоположба на Североисточен плански регион на Р. Македонија

20

Табела 4: ─ Основни податоци за територијата и населението на
Севроисточниот плански регион

Основни податоци СИПР РМ Учество

Површина km2 2.310 25.713 8,98%
6 80 7,50%
Број на општини 10,87%
192 1.767
Број на населени места 189 - -
172.787 8,54%
Број на рурални места 176.018 2.022.547 8,51%
76,2 2.067.471
Вкупно население, Попис 2002 46.295 -
83 8,20%
Процена на населението, 2014 59.488 564.237
8,52%
Густина на населеност,2014 3,72 698.143

Број на домаќинства, Попис 2002 2,4 3,60 -
1,9 -
Вкупен број на живеалишта, 94,80 95 -
Попис 2002
17.203 192.165 8,95%
Просечен број на членови на
домаќинството, Попис 2002 7.439 83.522 8,90%

Природен прираст, 2014 4.076 56.094 7,27%
729 9.166 7,95%
Стапка на писменост на 54,2 57,3
населението над 10 години, 2002 30,3 41,2 -
44,0 28,0 -
Ученици во основните училишта, -
2014/2015

Ученици во средните училишта,
2014/2015

Запишани студенти , 2013

Дипломирани студенти, 2014

Стапка на активност, 2014

Стапка на вработеност, 2014

Стапка на невработеност, 2014

(извор: МАКСТАТ, Статистика на регионите, ДЗС, 2014)

21

3.1 Територија и население

Според Пописот на населението, домаќинствата и становите 2002 година,
Североисточниот плански регион зафаќа 8,98 % во вкупната површина на
Република Македонија, дом е на 8,54% во вкупното население и 10,87% од
населените места во Републиката се наоѓаат во него.

Табела 5: ─ Општини во Североисточниот плански регион

Општина Површина Жители на Населени Градско
km2 km2 места население

Кратово 375 26 31 66,30%

Крива Паланка 480 42 34 69,90%

Куманово 509 213 48 72,30%

Липково 273 109 22 0%

Ранковце 241 16 18 0%

Старо 432 10 39 0%
Нагоричане

Вкупно 2310 76 192 56,60%

(извор: Државен завод за статистика, Процени на населението на 30.06.2013
и 31.12.2013 според полот и возраста, по општини и по статистички региони)

22

Во негов состав влегуваат 192 населени места, од кои 189 се рурални
населби. Густината на населеност е 76,2 жители/km2 и е приближно до
просекот на земјата (83 жители/km2).

Согласно Oдлуката за класификација на планските региони во Р.
Македонија и Развојните индекси за периодот 2013-2017 година,
Североисточниот плански регион на Р. Македонија го зазема осмото место
по развиеност:

Табела 6: ─ Степен на развиеност на планските региони

Плански регион Развоен Коефициент Учество во
индекс во во однос државната помош
однос на
просекот на на регионот за регионален
Р. Македонија со најголем развој (во

просек проценти %)

Скопски плански 151,0 1,000 7,2
регион 97,1 1,555 11,1
96,1 1,571 11,3
Југоисточен 91,2 1,656 11,9
плански регион 82,4 1,833 13,2
81,4 1,855 13,3
Источен плански 73,5 2,054 14,7
регион 62,7 2,408 17,3

Пелагониски
плански регион

Полошки плански
регион

Југозападен
плански регион

Вардарски плански
регион

Североисточен
плански регион

23

Демографските трендови карактеристични за Република Македонија, како ПРОГРАМА ЗА РАБОТА НА ПЛАТФОРМАТА ЗА РЕГИОНАЛНА РУРАЛНА АКЦИЈА ВО СЕВЕРОИСТОЧЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН (2015-2017) СО АКЦИСКИ ПЛАН (2015-2016)
нискиот природен прираст на населението и неговото бавно стареење се
пресликуваат и во Североисточниот плански регион. Растот на населението
е практично запрен, со тенденција за постепено минување кон депопулација.

Густината на населението во Североисточниот плански регион во 2013
година изнесува 76.2 жител на квадратен километар. Населението од регионот
живее во 59.488 станбени единици, а просечната големина на едно домаќинство
била 3,73 члена.

Табела 7: ─ Демографски трендови во Североисточниот плански
регион

Број на население 2011 2012 2013 2014
по години

Република Македонија 2.059.794 2.062.294 2.065.769 2.067.471
175.323 175.560 175.863 176.018
Североисточен
плански регион 8,512 8,513 8,513 8,513

Учество на СИПР
во РМ во %

24

3.2. Економски трендови
во регионот

Североисточниот плански регион е економски најнеразвиениот плански
регион во Република Македонија. Неговото учеството во Бруто домашниот
производ на Република Македонија е на ниво на скромни 5.5%, што е многу
помалку од учеството на регионот во вкупната територија и вкупниот број на
население за државата.

Табела 8: ─ Основни податоци за економскиот развој на Североисточниот
плански регион (извор: МАКСТАТ, Статистика на регионите, ДСЗ, 2014)

Основни податоци СИПР РМ Учество

Бруто домашен производ, 2013 25.807 466.703 5,5%
во милиони денари 147.095 226.440 65,0%
22.322 403.684 5,5%
Бруто домашен производ 109.071 2,4%
по жител , 2013 2.645

Бруто додадена вредност, 2013
во милиони денари

Инвестиции во основни средства

25

Основни податоци СИПР РМ Учество ПРОГРАМА ЗА РАБОТА НА ПЛАТФОРМАТА ЗА РЕГИОНАЛНА РУРАЛНА АКЦИЈА ВО СЕВЕРОИСТОЧЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН (2015-2017) СО АКЦИСКИ ПЛАН (2015-2016)

Учество на инвестициите во бруто 11.8% 27,0% 5,89%
додадената вредност 4.159 70.659 5,88%
4.069 69.148 5,33%
Број на активни деловни субјекти 140 2.628 11,47%
, 2014 7.987.414 69.630.696 10,22%
78.182 765.156 11,54%
Број на мали претпријатија, до 49 65.747 569.794
вработени, 2014 1,71%
41 2.401
Број на издадени одбренија за
градба, 2014

Предвидена вредност на објектите

Создаден комунален отпад , во
тони 2014

Собран комунален отпад, во тони
2014

Потрошувачка на електрична
енергија во индустријата, во GWh,
во 2013 енергија

3.2.1. Бруто домашен производ
и инвестиции

Забрзувањето на економската активност во регионот и постепеното
излегувањето од кризата од крајот на минатата декада условува нивото на
БДП по жител во регионот, споредено со просекот на државата, да расте
побрзо и од скромни 51,4% од нивото на просекот за Република Македонија
да се искачи на 67,7%, што преставува релативно добар резултат и укажува
на реално заживување на економијата и во овој регион.

26

Мерено по жител, Североисточниот плански регион во 2012 година
имал бруто домашен производ од 25.807 милиони денари или 150.556
денари по жител.

Гледано во целина, Североисточниот плански регион се развива релативно
побрзо од некои други региони. Така на пример, најмал бруто домашен
производ по жител во однос на националниот просек имал Полошкиот регион
со скромни 43.9% од просекот. Сепак, според Одлуката за класификација на

Табела 9: ─ Бруто Домашен производ/
Североисточен плански регион - Р. Македонија

2009 2010 2011 2012

Република Македонија

Бруто домашен 410.734 434.112 459.789 466.703
производ
(мил. денари)

Учество 100,0% 100,0% 100,0% 100,0%

Бруто домашен 18.299 Североисточен регион
производ 4,5%
(мил. денари) 19.021 25.511 25.807
Учество
4,4% 5,5% 5,5%

Табела 10: ─ Бруто домашен производ по жител

БДП по жител (денари) 2009 2010 2011 2012

Република Македонија 200.293 211.246 223.357 222.519
Североисточен регион 104.775 108.664 145.554 150.556

27

планските региони според степенот на развиеност, Североисточниот плански ПРОГРАМА ЗА РАБОТА НА ПЛАТФОРМАТА ЗА РЕГИОНАЛНА РУРАЛНА АКЦИЈА ВО СЕВЕРОИСТОЧЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН (2015-2017) СО АКЦИСКИ ПЛАН (2015-2016)
регион има развоен индекс 0,56, економско социјален индекс 0,33 и
демографски индекс со 0,70.

Регионот има двојно помало учество во инвестициите во Република
Македонија (2,4%) во однос на учеството во бруто додадената вредности
(5,5%).

3.2.2. Претпријатија по дејност и големина

Од вкупно 4.159 активни деловни субјекти, најголемо учество имаат
претпријатијата од дејноста трговија (37,72%) и преработувачката индустрија
(14,26%).

Поголемо учество на бројот на претпријатија по дејности во Република
Македонија се забележува кај преработувачката индустрија (7,73%),
рударството (6,67%), објекти за сместување (6,5%), трговијата (6,28%),
земјоделието (5,91%) и транспорт и складирање (5,24%).

Најголемиот дел од претпријатијата во Североисточниот плански регион
90,2% се микро компании, а потоа следат малите претпријатија со 7,6%.
Нивното учество е поголемо од учеството на МСП во вкупниот бројот на
претпријатија во Република Македонија.

Слика 3: ─ Учество на бројот на претпријатија по дејности со учество од над
1% во вкупниот број на претпријатија во Североисточниот регион

28

3.3. Рурален развој

Во Североисточниот плански регион влегуваат 192 населени места, од
кои 189 се рурални населби. Североисточниот плански регион располага со
146.346 хектари земјоделска површина, од која вкупно 79.800 хектари се
обработлива површина. Шумите зафаќаат површина од 49.295 хектари.
Најзначајни реки во овој регион се Липковска Река и реката Пчиња во
западниот дел и Крива Река во североисточниот, односно Осоговскиот дел
на регионот.1 Дополнителни ресурси се хидрографските – топлите термални
води.

Oколината на Липково е исполнета со богати шуми, Липковска Река и две
вештачки езера - Липково и Глажња, погодни за рекреативен и професионален
риболов. Тука се наоѓаат многу извори со чиста, ладна, освежителна вода,
кои ја формираат реката Стрима. Од друга страна, прекрасните релјефи и
поволната клима на општината Старо Нагоричане како и мегалитската
опсерваторија Кокино, лоцирана на археолошкиот локалитет „Татиќев камен“,
се непроценливо богатство. Природната реткост „Камени кукли“ и карпата

1 Консалтинг за стратешки развој -Проект за воспоставување нови бизниси во мултиетничките
средини (2014), „ Ситуациона анализа на економските иницијативи на жените и младите
од полошкиот и од североисточниот плански регион“, Strategic Development Consulting,
Октомври 2014, стр. 18-19

29

„Цоцев камен“, за која се претпоставува дека е предисториска опсерваторија, ПРОГРАМА ЗА РАБОТА НА ПЛАТФОРМАТА ЗА РЕГИОНАЛНА РУРАЛНА АКЦИЈА ВО СЕВЕРОИСТОЧЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН (2015-2017) СО АКЦИСКИ ПЛАН (2015-2016)
може да привлече голем број туристи. Во близина на Кратово се наоѓа
природниот резерват „Плоче литотелми“ кој може да привлече интерес поради
присуството на ендемична балканска популација на видот Tanymastix stagnalis,
ред Anostraca (вилински ракчиња).

Според ова, културниот и рекреативниот туризам се потенцијални
економски активности за овој плански регион. Во овој регион е потребно
поголемо чувство на претприемништво кое во соработка со локалните
институции треба да ги валоризира овие природни погодности. На пример,
преку подобрување на патната инфраструктура кон манастирот во с. Матејче
и обезбедување услови за мали туристички објекти, може да се привлечат
голем број туристи. За да се помогне во оваа насока, потребна е зголемување
на меѓуграничната соработка меѓу Р. Македонија, Р. Косово и Р. Србија, како
што е отворање нов граничен премин кај липковскиот регион, кој може да
овозможи поголем проток на стока, луѓе (и туристи).

Регионот има потенцијал за ловен туризам, особено за зајак, дива свиња
и еребица.

Во периодот 2011-2014 година има тренд на намалување на производството
на овошје во регионот, а трендот е највоочлив кај грозјето, каде намалувањето
е за 67,75% ( табела бр 13). Во истиот период има зголемување на

Табела 11: ─ Производство на овошје и грозје,во тони, по години,
2011-2014 (извор: МАКСТАТ, Статистика на регионите, ДСЗ, 2014)

Вид на 2011 2012 2013 2014 Индекс
овошје 2014/2011

Цреши 231 237 253 140 60,61
Вишни 96 91 129 82 85,42
Кајсии 191 160 161 131 68,59
Јаболка 2.153 1.890 2.232 1.363 63,31
Круши 1.102 984 1.145 752 68,24
Сливи 5.765 4.975 4.955 3.785 65,65
Праски 148 107 158 90 60,81
Ореви 524 364 466 339 64,69
Грозје 21.446 11.515 17.258 6.959 32,45

30

производството на житните посеви, особено кај пченката (22%) и кромпирот
за повеќе од 8% и краставиците за 3,68%. Кај добитокот, зголемување има
кај коњи, говеда и свињи (23,7%, 10,65 и 16,08%, соодветно).

Населението во Североисточниот плански регион живее во релативно добри
животни услови. Населените места имаат урбана инфраструктура, а регионот
има и мерна станица за мерење на загадувањето. Животните услови се на
ниво на економските можности на регионот, а поради неформалната економска
активност и дознаките од странство, животниот стандард на населението е
дури и подобар од тоа што би се очекувало од еден релативно недоволно
економски развиен регион. Здравствената и социјалната заштита во
Североисточниот плански регион во глобала се релативно добри. Во изминатиот,
четиригодишен, период локалната патна мрежа се зголемила за 3%, а најголеми
подобрувања има кај поставувањето асфалт и коцка, 17%.

Табела 12: ─ Производство на одделни житни, индустриски и
градинарски посеви, во тони по години, 2011-2014 (извор: МАКСТАТ,

Статистика на регионите, ДСЗ, 2014)

Вид на 2011 2012 2013 2014 Индекс
посеви 2014/2011

Пченица 40.809 27.056 43.693 44.179 108,26
Пченка 5.932 3.137 8.381 7.238 122,02
Тутун 80,00
Компир 75 33 58 60 108,64
Кромид 15.876 11.878 15.222 17.248 90,99
Домати 2.687 2.050 2.177 2.445 62,02
Пиперки 3.044 2.832 2.806 1.888 70,16
Краставици 3.157 2.609 3.147 2.215 103,66

164 138 123 170

31

3.4. Туристи во регионот

Туристичките трендови во Североисточниот плански регион претрпеле
релативно големи промени изминатите години. Туристичката клиентела е
променета, како во нејзината структура, така и според нивните барања.
Потребите на туристите кои го посетуваат Североисточниот плански регион
се специфични и сегментирани, а според нив се прилагодила и туристичката
понуда. Дестинациите кои во минатото биле непознати за туристичката
клиентела, денес бележат се поголема посетеност. Се поголемо внимание се
посветува на креирањето на развојни туристички планови, програми и
стратегии во тие дестинации.

3.4.1. Капацитети за сместување

Учеството на капацитетите за сместување во регионот во вкупниот
капацитет на Р.Македонија е мало и бележи тренд на намалување од 1,145%
во 2011 на 1,09% во 2014 година.

32

Табела 13: ─ Капацитети за сместување, број на соби
и легла, 2011-2014 (извор: МАКСТАТ, Статистика на

регионите, ДСЗ, 2014)

2011 2012 Индекс 2011/2012

соби легла соби легла соби легла

Република 26.448 69.737 26.877 70.287 103,68 102,13
Македонија
302 645 306 653 98,68 100,47
СИПР
1,14% 0,92% 1,14% 0,93% - -
Учество на
СИПР во РМ

Табела 13: ─ Капацитети за сместување, број на соби
и легла, 2011-2014 (извор: МАКСТАТ, Статистика на

регионите, ДСЗ, 2014) (Продолжение)

2013 2014 Индекс 2013/2014

соби легла соби легла соби легла

Република 26.887 70.297 27.422 71.225 103,68 102,13
Македонија
300 647 298 648 98,68 100,47
СИПР
1,12% 0,92% 1,09% 0,91% - -
Учество на
СИПР во РМ

33

3.4.2. Туристи, ноќевања и просечни
денови на престој

Во изминатиот четиригодишен период бројот на туристите во регионот е
зголемен за 82,4% а бројот на ноќевањата за 56,7%, што е поголем процент
на зголемување од она на ниво на Република Македонија.

За разлика од Република Македонија, во Североисточниот регион
зголемување на бројот на туристи и ноќевањата се однесува и на домашните
и на странските туристи (96.01% и 74,67% соодветно). Меѓутоа, забележителен
е негативен тренд на просечните денови на престој кај странските туристи,
поточно намалување од 1,992 денови во 2011 на 1,652 денови во 2014 година
2.

2 Ова е критериум за користење на субвенции за носење на странски туристи во износ од 30-35 евра. Правото
се користи за група од најмалку 10 туристи кои имале најмалку 3 ноќевања, Министерство за економија,
Правилник за начинот, видот и висина на субвенции, Служебен весник бр.53/13; бр.147/14 и бр.50/15.

34

4.

ТРЕНДОВИ ВО
РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ

Рурален развој е процес на подобрување на квалитетот на живот и ПРОГРАМА ЗА РАБОТА НА ПЛАТФОРМАТА ЗА РЕГИОНАЛНА РУРАЛНА АКЦИЈА ВО СЕВЕРОИСТОЧЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН (2015-2017) СО АКЦИСКИ ПЛАН (2015-2016)
економската благосостојба на луѓето кои живеат во релативно изолирани и
ретко населени области. Руралниот развој традиционално е фокусиран на
интензивно искористување на земјиштето и природните ресурси. Меѓутоа,
промените во глобалните мрежи на производство и зголемувањето на
урбанизација го сменија ликот на руралните средини. Активностите за рурален
развој главно се насочени кон социјален и економски развој на руралните
средини.

Програмите за рурален развој обично се планираат и спроведуваат со „од
врвот надолу“ пристап и тоа од локалните и регионалните власти, агенциите
за регионален развој, невладини организации, национални влади и
меѓународни организации за развој. Но, локалното население, исто така, може
да придонесе за ендогени иницијативи за развој. Терминот не е ограничен
само на прашања за земјите во развој. Всушност, многу од развиените земји
имаат многу активни програми за рурален развој. Владините програми
вообичаено имаат главна цел „Како да се развијат неразвиените области и
села“.

Во СИПР во областа на руралниот развој се реализираат проекти кои се
поддржани од национални програми и ЕУ програмите за меѓугранична
соработка. Тренд во регионот е развивање на капацитет на јавните институции
, приватниот и граѓанскиот сектор за аплицирање и повлекување на средства
од овие извори за финасирање на руралниот развој. Подетален преглед за
трендовите во руралниот развој во СИПР даден е првата точка за профилот
на регион.

Постои потреба за обезбедување на податоци за следење на успешноста
во аплицирањето и повлекувањето на средства од расположивите програми
за развој на руралниот туризам. Затоа, направен е преглед на наодите за
застапеноста на СИПР преку дефинираните регионални стратешки приоритети
во националните програми за рурален развој и рурален туризам. Намерата
е да се дадат насоки за можните извори на финасирање на Програмата на
ПРРА.

36

4.1. Наоди за застапеност на
СИПР во Националните
програми за рурален
развој и рурален туризам

Во „Стратегијата за регионален развој на Република Македонија 2009-2019
година“ Севроисточниот плански регион е застапен во:

Приоритетот 1.5.: Креирање на конкурентски предности на планските региони
на следниот начин:

● Изработка на студии за идентификување на приоритетните индустриски
и услужни дејности за развој на регионите согласно нивните потенцијали;

● Промовирање на поддршка на стандардизацијата, акреди­та­циј­ата,
метрологија и заштита на интелектуалната сопстве­ност;

● Поддршка за брендирање на препознатливи македонски производи;
● Обезбедување институционална поддршка за унапредување на

носечките индустрии во планските региони:
▪ Метало-преработувачка индустрија, Прехранбена индус­

трија, Чевларска индустрија, Градежништво, Дрвна индус­триј­а,
Производство на електрична енергија и Индустрија за неметали;
● Обезбедување институционална поддршка за развивање на технолошко-
интензивни индустрии:
▪ Привлекување на странски директни инвестиции во технол­ ошко-
интензивни индустрии (сите плански региони);
● Креирање на модерен и продуктивен земјоделски сектор во планските

37

региони (согласно со приоритетите дефинирани во НРП и Стратегијата ПРОГРАМА ЗА РАБОТА НА ПЛАТФОРМАТА ЗА РЕГИОНАЛНА РУРАЛНА АКЦИЈА ВО СЕВЕРОИСТОЧЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН (2015-2017) СО АКЦИСКИ ПЛАН (2015-2016)
за земјоделство и рурален развој):

▪ Отворање на регионални центри за земјоделски производи;

▪ Обезбедување на инфраструктура за едноставен, брз и лесен пристап
на земјоделските производители до агро-берза;

▪ Поддршка за развој на органско земјоделско производство;

▪ Поддршка за развивање на сточарството

● Оптимално користење на природното и културно-историското наследство
во функција на развој на туризмот (согласно приоритетите во Стратегијата
за туризам):

▪ Сèопфатно мапирање на археолошките локалитети и културно-
историските и природните споменици на ниво на плански региони;

▪ Градење на нова / осовременување на постојната инфраструктура за
безбеден и брз пристап до туристичките дестинации;

▪ Изработка на студии за оптимално користење на природното
богатство на планските региони во туристички цели;

▪ Изработка на студии за оптимално користење на културно-историското
наследство на планските региони за туристички цели;

▪ Туристичко промовирање на природното и културно-историското
наследство во планските региони;

▪ Обезбедување на институционална поддршка за развивање на
различни видови туризам на ниво на планските региони:

▪ Зачувување и развој на традиционалните занаети; Селски туризам
и ревитализација на етно-селата; Бањски туризам; Транзитен
туризам; Алтернативни форми на туризам (спелеолошки, ловен и
сл.) согласно со специфичностите на регионите;

▪ Заштита на природното и културно-историското наследство.

Во Приоритетот 1.6.: Оптимално користење и валоризација на природните
ресурси и енергетските потенцијали во планските региони, СИПР е застапен во:

● Изработка на студии за оптимално користење на природното богатство на
планските региони за економски цели;

● Унапредување на правната рамка за експлоатација на природното богатство
во функција на обезбедување повисоко ниво на заштита на животната
средина;

● Поттикнување на користењето на соларна енергија, биомаса за производство
на енергија и на енергијата од геотермалните извори во економски цели;

38

● Создавање на предуслови за подобро искористување на енергетскиот
систем на природен гас:
▪ Изградба на нови гасни термоенергетски објекти за производство на
електрична и/или топлинска енергија за индустриските капацитети;
▪ Гасификација на Куманово, Крива Паланка, Кратово.

„Стратегијата за развој на земјоделието и руралниот развој 2007-2103“ ги
опфаќа политиките за рурален развој кои се реализираат преку годишните
владини програми за рурален развој. Главни цели на Програмите се:

● Поддршка на развојот на руралните средини во согласност со постојните
програми за целните корисници со цел да се подобри конкурентноста и
одржливоста на земјоделството и на руралните средини;

● остановување на неопходните административни системи во рамките на
МЗШВ за да се управува со претпристапните фондови на ЕУ наменети за
рурален развој;

● Набавка на опрема и механизација за поледелство, сточарство, за
калибрирање, сортирање и пакување на свежи земјоделски производи.

Во Стратегијата се дефинирани три под-сектори: Синџир на растително
производство, Синџир на сточарски производи и Ланци на вредности.

Реализацијата на Стратегијата е поддржана и од ИПАРД Фондовите кои
задолжително се трошат по утврдени мерки во ИПАРД Програмата, и тоа:

● Мерка 101 - Инвестиции на земјоделските стопанства со цел нивно
преструктуирање и надградба за достигнување на стандардите на
Европската Унија

● Мерка 103 - Инвестиции за преработката и маркетинг на земјоделските и
рибните производи со нивно преструктуирање и надградба за достигнување
стандардите на Европската унија

● Мерка 302 - Диверзификација и развој на руралните економски активности

Во „Стратегијата за рурален развој“, СИПР е оценет со поголеми предности
за искористување на културното наследство и манастирски туризам, а помалку
за рурален и вински туризам.

Како области со погодности за рурален туризам се наведени Куманово
како област со: Кокино, Нагоричане, Матејче, Липково; Кратово и Крива
Паланка. Оваа Стратегија е поддржана преку програмите на Агенцијата за
поддршка и промоција на туризмот во Република Македонија, кои имаат две
компоненти: изградба на туристичка инфраструктура и промоција на туризмот.

39

4.2. Идентификувани
синџири на вредности во
Североисточниот плански
регион

а) Синџир на вредност - Рурален туризам
Во овој синџир на вредност идентификувани се четири под-сектори:
сместување, храна, забава и искуства.

● Сместување: сопственици на куќи, градење во рурални средини (материјали
и опрема), вештини за сместување и водење мали пансиони. Интервенции
се потребни во делот на финансиски средства (грантови и кредити) за
обуки за водење на мали пансиони и за повлекување средства од ИПАРД
за реновирање на куќите;

● Храна: земјоделци, сопственици на ресторани и производители на пијалок.
Интервенциите се потребни за следење на стандарди за запазување на
квалитетот и поддршка во обезбедување капацитети за поголем обем на
производство;

● Забава: овој потсектор е доволно развиен. Интервенции се потребни за
воспоставување на партнерства во опслужувањето на поголем број на
туристи и пресретнување на различните потреби на сегментите на
потрошувачи;

● Искуство - мајстори за готвење и изработка на ракотворби. Интервенции
се потребни за дизајнирање на кратки курсеви и вештини за обучувачи.
Исто така потребни се почетни средства за материјали и опрема за
одржување на курсевите.

40

Во делот на вредноста, промоција и продажба потребни се интервенции
за осмислување на промоцијата и водење на продажниот процес во услови
на зголемен интерес на клиенти. Значителни средства се потребни за
сигнализација до туристичките дестинации и за обезбедување ефективен
промотивен материјал.
б) Синџир на вредност - Зголемување на конкурентоста на земјоделското

производство преку поддршка на органското производство
Овој синџир на вредност ќе се организира согласно Националната
стратегија за земјоделие и рурален развој: синџир на растително органско
производство и синџир на сточарски производи. Потсектори на овие синџири
се: производители на семиња и ѓубриво; опрема за земјоделско производство;
едукација за органско производство и промоција и продажба на органско
производство на земјоделски производи.
Очекувани резултати: зголемување на површините под органско
производство; зголемени субвенции за произведени количини на органско
производство; зголемен извоз на земјоделски производи од регионот.

41

ПРОГРАМА ЗА РАБОТА НА ПЛАТФОРМАТА ЗА РЕГИОНАЛНА РУРАЛНА АКЦИЈА ВО СЕВЕРОИСТОЧЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН (2015-2017) СО АКЦИСКИ ПЛАН (2015-2016) 42

5.

SWOT АНАЛИЗА НА
ЕКОНОМСКИОТ РУРАЛЕН
РАЗВОЈ НА РЕГИОНОТ


Click to View FlipBook Version