ТОМЕ ТАСЕВСКИ
{1}
НЕСКРОТЕНА ДИВОСТ
{2}
ТОМЕ ТАСЕВСКИ
НЕСКРОТЕНА
ДИВОСТ
Томе Тасевски
2017
{3}
НЕСКРОТЕНА ДИВОСТ
За издавачот:
Томе Тасевски
Дизајн на насловна:
Марјан Ѕин
Слика на насловна:
Акварел „Нескротена Дивост“
од Калина Тонева, Бугарија
Техничка обработка:
Марјан Делевски
Јазична редакција:
Татјана Лаљек Кулишевска
Печатница:
Винсент Графика
Тираж:
500
{4}
ТОМЕ ТАСЕВСКИ
НЕСКРОТЕНА
ДИВОСТ
Томе Тасевски
{5}
НЕСКРОТЕНА ДИВОСТ
{6}
ТОМЕ ТАСЕВСКИ
I
Сѐ почна со една мисла, па збор,
па реченица, па книга, па...
Еве сме на почетокот од моја-
та втора исповед. Како и први-
от пат, повторно сум седнат во
собата, позициониран во кругот, но со
единствена разлика што сега, сите ние,
не сме веќе непознати меѓу нас.
Чудно е како пишаниот збор влијае
врз луѓето и како тие, скоро сите, реаги-
раат на сличен начин. Чудно е и тоа како
и мене ми се промени животот од пиша-
ниот збор. А најчудно е кога пишаниот
збор е пронижан со чувства на љубов!
Јас, нели, сум сепак лекар.
{7}
НЕСКРОТЕНА ДИВОСТ
Сигурен сум дека се прашувате што се
случи? До каде сме сега? Ќе ви раскажам.
Но, повеќе од сигурен сум дека и повеќето
од вас ме обвинивте за прељубата и невер-
ството што го направив. Овде би застанал
и би филозофирал и дури би поставувал
прашање на таа тема. Имено, како може
да биде неверство или грев нешто што е
предизвикано од љубов?! Па нели и сами-
от Бог е љубов! Нели сите светски пропо-
веди се за љубов! Нели религијата нѐ учи
„Сакај го ближниот“! Зошто некој мисли
дека „ближниот“ е само дел од најблиско-
то семејство. Нели може ближниот да биде
ваш пријател, сосед, соученик, па дури и
дивата привлечност. Или вие тоа строго го
гледате, во смисла, еве уште еден маж што
ја изневерил жена му и сега сака да се оп-
равдува. Не, јас немам потреба никому да
се правдам туку, напротив, би сакал да от-
ворам нова чакра во вашиот ум. Впрочем,
животот нѐ учи на такви нешта.
Од друга страна, јас не сум проповедник
туку еден обичен човек кој бележи што му
се случува, што ви се случува вам, како раз-
мислуваме и постапуваме кога ќе се изме-
стиме од религиските шини или од шините
{8}
ТОМЕ ТАСЕВСКИ
на моралот и етиката? Или, што сѐ ни се
случува и кога стоиме цврсто на шините.
Ајде понатаму, можете да го крстите и
како искушение тоа што мене ми се случи,
но верувајте ми, секој што почувствувал
таква дива привлечност или вистинска љу-
бов целосно разбира за што пишувам овде.
А такви скршени срца има многу! Како што
кажав и претходно, не би сакал да се пов-
торувам, но, единствената разлика е дека
јас не се кријам.
Нема повеќе да морализирам. Да се на-
вратиме сега на приказната бидејќи веру-
вам дека со нетрпение ја очекувате.
И така... времето си поминуваше. За нас,
како што кажав, секој крај беше нов поче-
ток. Водењето разговор со Ејми беше како
водење љубов, а времето поминато заедно
со неа беше физички немерливо.
Кога се борев да се пронајдам себеси и
да се извлечам од сопствената прилично
заплеткана мрежа исткаена од љубов, кни-
гата ми беше еден од начините да се повра-
там себеси. И... ја почнав.
{9}