The words you are searching are inside this book. To get more targeted content, please make full-text search by clicking here.

Отчет 100 дена 2022 година

Discover the best professional documents and content resources in AnyFlip Document Base.
Search
Published by Igorce Risteski, 2022-02-13 06:02:39

Отчет 100 дена 2022 година

Отчет 100 дена 2022 година

ОПШТИНА НОВАЦИ

ОТЧЕТ

ПРВИТЕ 100 ДЕНА

2022
WWW.OPSTINANOVACI.GOV.MK

ОБРАЌАЊЕ ОТЧЕТ 100 ДЕНА

ПОЧИТУВАНИ МОИ СОЃРАЃАНИ, ЖИТЕЛИ НА
ОПШТИНА НОВАЦИ

Да работиш во интерес на својотнародот, во
својата општина е најголема чест но и
голема обврска. Нема поголемо задоволство
од чувството дека си ги исполнил ветувањата
пред своите луѓе , дека си ги реализирал
замислите и си ги исполнил предизвиците
креирани заедно со жителите на Општина Новаци .

Во изминатите 100 денови заедно со Советот и администрацијата
работевме општина Новаци да излези прангите на задолженоста , да
се намалат долговите , даисполниме дел од програмата ветена пред
изборите. Во овие 100 денови работевме на урбанизација , на
енергетска ефикасност, на подобрување на условите за работа на
училиштата, подобри услови за младите, подобра животна средина,
активно се гржиме за културата и нашето културно наследство.
Работиме во интерес на жителите !

Мандатот го добив со ветување за чесно, домаќинско и отчетно
работење и тоа го правам во изминатите 100 дена, но така ќе
продолжам и во следните 4 години.

Во продлжение ви ги презентирам детално проектите реализирани

2022во овие 100 денови .
WWW.OPSTINANOVACI.GOV.MK

Донесен е буџетот на Општина Новаци за 2022 година
во износ од 2,6 милиони евра. Вкупните буџетски
средства со кои ќе располага општината во 2022 година
се околу 163 милиони денари од кои најголем дел му
потпаѓаат на основниот буџет околу 127 милиони
денари, другите средства ќе бидат за блок дотации и ќе
бидат наменети за институциите кои се под
надлежност на Општина Новаци. За капитални расходи
во оваа година се планирани 56 милиони денари од кои
добар дел се наменети за отплата на стари долгови кои
се натрупани од претходното локално раководство
меѓутоа ние како локална самоуправа предвидовме и
направивме и ќе направиме се што е во наша моќ да
имаме добри развојни проекти за жителите на нашата
општина.
Креиравме транспарентен Буџет на Општина Новаци за
2022 година а за таа цел ги посетив сите поголеми
населени места: Новаци, Добромири, Далбеговци, Горно
и Долно Агларци, Бач, Гермијан и Живојно со цел да
слушнеме кои се проблемите и потреби на жителите и
да направиме буџет по нивна мерка. Исто така на веб
страната на општината ставивме алатка на која самите
жители можеа да предлагаат проекти кои им се
потребни и кои сметаат дека треба да се реализираат.

БУЏЕТ 2022

WWW.OPSTINANOVACI.GOV.MK

ВЕТЕНОТО СЕ РЕАЛИЗИРА

Општина Новаци издвои 1 милион
денари од својот буџет за субвенции
за набавка на високо ефикасни
инвертер клима уреди за жителите
на Општина Новаци. На јавниот
повик беа поднесени 36 барања а
висината на еднократната парична
помош изнесуваше 20 000 денари
бруто износ со вклучен персонален
данок.
Општина Новаци издвои 3 милиони
денари од сопствениот буџет за 2022
година за субвенции за термоизо-
лациони фасади како едно од
предизборните ветувања кои ќе
бидат исполнети во првите 90 дена
од започнувањето на мојот мандат.
Финансиските средства на овој
Повик се обезбедени од Буџетот на
Општина Новаци за 2022 година –
Програма Р1 – Заштита на животна
средина. Финансиските средства на
овој повик, ќе се користат за
делумен надоместок во висина од 30
% од вкупната сума на фактурата но
не повисока од 90 000 денари бруто
износ по барател.

WWW.OPSTINANOVACI.GOV.MK

Од оваа година Општина Новаци почнува да работи согласно своите овластувања за
отуѓување на градежно неизградено земјиште во државна сопственост. Согласно
програмата донесена според Законот за градежно земјиште во тековната 2022 година
планираме да огласиме на јавна лицитација и отуѓување околу 20 хектари градежно
земјиште на потенцијални инвеститори за различни намени: најголемите површини ќе
бидат наменети за изградба на индустриски капацитети а останатиот дел ќе бидат
наменети за индивидуално домување.
Во фаза на изработка е основен проект за изградба на дел од улична мрежа за с.Новаци
(улица од пошта до Златен клас во с.Новаци до крајот на каналот) во должина од 1200 м -
1500 м која ќе води до Индустриска зона Новаци и ќе ги запази критериумите за модерна
патна инфраструктура од таков тип.
Во услови на енергетска криза која се повеќе е актуелна не само во нашата држава туку и
во светски рамки, се повеќе се зголемува интересот кај приватните инвеститори за
вложување во фотоволтаични и биогасни централи и други слични начини на
производство на енергија од обновливи алтернативни извори. Во изминатите 100 дена
остварив бројни средби со заинтересирани приватни инвеститори. Како локална
самоуправа наша должност е на сите заинтересирани да му обезбедиме комплетна
логистичка поддршка, потребна документација, решенија за градба, урбанистичка
документација, да им помогнеме во воспоставување на линковите со другите институции
како ЕВН и други одлуки од наша надлежност. Веќе се започнати постапки за изградба на
две биогасни централи до 1 MW кои ќе се градат во КО Добромири. Исто така имаме една
локација за изградба на фотоволтаична централа од 50 MW во КО Билјаник која има
одобрение за градба и се чека наскоро инвеститорот да започни со градба.
Претставници од Стопанската комора за трговија и индустрија Сакариа, Турција беа
гости во Општина Новаци изразувајќи го својот интерес за отворање на претставништва
и производни капацитети од лесна незагадувачка индустрија во Индустриската зона
Новаци. Заинтереасирани се за отворање на производни погони за земјоделски машини,
каучук, пластични шишиња, железарија, контејнери за превоз, камп приколки и сл., за
што првично ќе ни се потребни парцели кои ќе зафаќаат околу 15 хектари. Преговорите се
во тек а наскоро очекуваме и конкретни информации за инвестицијата со која ќе го
поттикнеме локалниот економски развој на овие предели. Заинтересираните турски
инвеститори упатија покана за возвратна посета на нивната Стопанска Комора во која
членуваат 6000 фирми со 35 различни области на делување,со цел остварување директни
контакти и средби со потенцијалните инвеститори и посета на нивната индустриска зона
во Адапазари.

СОЗДАВАМЕ МОЖНОСТИ
ЗА НОВИ ИНВЕСТИЦИИ

WWW.OPSTINANOVACI.GOV.MK

РАБОТИМЕ ВО ИНТЕРЕС НА
ЖИТЕЛИТЕ

Објавен е јавен повик за поднесување барање за проценка на штети од земјотресот кој се
случи на ден 09.01.2022 година за жителите на општина Новаци. Поднесени се 165
барања. Во следниот период, Комисијата за проценка на штети при Општина Новаци ќе
излези на терен да ја утврди фактичката состојба, ќе изготви елаборат и истиот ќе го
достави до Владата и Првостепената комисија за проценка на штети при Влада за
понатамошна исплата на штетите.
На првата седница на новиот Совет на Општина Новаци на мој предлог донесовме
одлука паричниот надомест за прваче кој се исплаќа во бруто износ од Буџетот на
општината, од 5000 денари да го зголемиме на 6000 денари. Иста така донесовме одлука
за зголемување на паричниот надоместок за новородено на 6000 денари. Досега се
исплатени 144 000 денари за вкупно 24 првачиња.
Остварив средба со 13 талентирани спортисти ученици во ЦОУ „Славко Лумбарковски“
Новаци кои ми ги презентираа своите награди и спортски достигнувања кои ги освоија
на организираните спортски натпреварувања. Токму затоа во програмата за
образование на Општина Новаци за 2022 година, на мој предлог се предвидени
финансиски средства за ученици кои ќе освојат награди во било која област како и за
нивните ментори. На овој начин локалната самоуправа сака да ги стимулира младите
ученици да вложуваат во своите афинитети и таленти со цел да бидат спортски и
научни амбасадори на општината.
Општина Новаци доби мултифункционално противпожарно возило за гаснење на
пожари, донација од Операција Флоријан со кои е потпишан Меморандум за разбирање
и соработка во областа на градење на капацитети и развој на противпожарната служба.
Заменети се старите и дотраени лавабоа и чешми во подрачните училишта Живојно и
Гермијан а ќе се започне со санацијата на електричната инсталација во училиштата во
Бач, Живојно и Гермијан.
Направивме донаторска акција заедно со ОО на Црвен крст Битола за семејството
Ристевски од Живојно, семејство кое се наоѓа во тешка социјална состојба. За таа цел им
дониравме пакети со облека, храна, дрва и средства за хигиена

WWW.OPSTINANOVACI.GOV.MK

Набавени се 14 таблети за децата од четвртто одделение во ЦОУ „Славко
Лумбарковски“ Новаци кои работат и следат настава според Концепција за основно
образование преку електронски учебници. Долг период родителите реагираа и даваа
забелешки дека нивните деца немаат услови и апарати за следење на наставната
содржина. Со цел да им се излези во пресрет на учениците и родителите од Буџетот на
Општина Новаци се издвоија 105.000 денари за оваа намена.
Општина Новаци успешно го реализира проектот „Ранливи категории 2“ од
Програмата Општинско корисна работа. Станува збор за 9 месечен проект преку кој се
ангажирани двајца дефектолози - логопеди за работа со децата од ЦOУ„ Славко
Лумбaрковски“ и детската градинка „Бамби“ од Новаци. Опфатени се вкупно 21 дете.
Општина Новаци проектот го реализира во соработка со UNDP, Агенцијата за
вработувaње и Министерство за труд и социјална политика.
Во периодот пред новогодишните и божиќните празници кога подршката не е обврска,
тука задоволство доделивме 41 пакет со прехрамбени продукти и 23 детски
новогодишни пакетчиња за социјално загрозени семејства. Во акцијата беа поделени и
40 пакети од Здружението Банка за храна. На мој предлог со одлука на Советот на
Општина Новаци две третини од средствата за новогодишно украсување беа
пренаменети за помош за социјално ранливите категории.
Организиравме детската новогодишна претстава ,,Магично другарство во
новогодишното царство'' за сите дечиња од ЦОУ „Славко Лумбарковски“ - Новаци, им
поделивме новогодишни пакетчиња и детска книга по повод новогодишните и
божиќните празници.
Донирани се новогодишни пакетчиња за дечињата во Здружението на лица со оштетен
вид во кој членуваат 15 жители од Општина Новаци.

ДЕЦАТА СЕ НАША ИДНИНА

WWW.OPSTINANOVACI.GOV.MK

СЕ ГРИЖИМЕ ЗА ЖИВОТНАТА
СРЕДИНА

Беше спроведена акција на чистење на дел од каналот на потегот од раскрсницата
кон РЕК до горниот дел од Новаци, кој беше обраснат од бујна вегетација а по
претходно барање на наши жители. Општина Новаци од сега натаму ќе биде
сервис на граѓаните. Токму затоа ги охрабрувам и апелирам жителите за секој
проблем да се јавуваат или да пишуваат на веб страната на општината во
рубриката „Пријави проблем“ а нашите служби ги процесуираат барањата до
соодветните службеници и потоа за истите ќе се реагира соодветно со цел нивно
решавање.
На моја иницијатива како исполнување на едно предизборно ветување
организирав акција за пошумување во месноста викана Преслап во атарот на село
Маково. Во оваа акција беа вклучени претставници од администрацијата и
Советот во Општина Новаци, младите, ученици од ЦОУ ,,Славко Лумбарковски",
комуналното претпријатие ,,Комунална Хигиена", претставници на политичките
партии и Унија на жени. Засадивме багреми донација од Македонски шуми. Голема
благодарност до ова општествено одговорно претпријатие кое ја поддржа
иницијативата и се вклучи во акцијата за почист воздух и заштита на животната
средина.
Остварив работна посета на општините Пожаревац и Костолац, Србија и
учествував на 15-тото меѓународно собрание на тема: „Одржливиот развој на
Браничевиот округ и енергетскиот комплекс Костолац“, на кое се дискутираше на
теми од областа на енергетиката и животната средина. На средбите што ги
остварив таму со првите луѓе на овие општини се разговараше за можните начини
на меѓусебна соработка на општините од Пелагонискиот регион со општините од
Браничевиот регион, како многу слични општини кои се соочуваат со слични
проблеми во областа на енергетиката, земјоделството и животната средина. Во
идниот период работиме на потпишување на официјален документ помеѓу
општините Новаци, Пожаревац и Костолац во вид на меморандум за меѓусебна
соработка и размена на искуства во општина Новаци.

WWW.OPSTINANOVACI.GOV.MK

Општина Новаци е дел од проектот „Зајакнување на луѓето од Пелагонија“ во кој
активно се вклучени 6 млади лица од нашата општина. Во рамките на овој проект беше
потпишан меморандум за поддршка и унапредување на демократските процеси во
Пелагонискиот регион помеѓу градоначалниците од општините Могила, Крушево,
Ресен, Долнени, Демир Хисар и Кривогаштани и Здружението за унапредување на
демократските процеси Про Локал. Проектот е финансиски поддржан од Амбасадата на
Кралството Холандија преку Програмата МАТРА.
Воведување на родовиот аспект во локалните политики, родова еднаквост при
буџетирањето, родово сензитивни политики во време на пандемија и ранливи
категории се само дел од темите на кои Општина Новаци ќе работи со претставниците
на UN WOMEN Телото на Обединетите Нации за родова еднаквост и зајакнување на
жените.
Општина Новаци од оваа година ќе биде дел од проектот на УСАИД за „Зајакнување на
капацитетите за искористување на ресурсите“ со кој ќе се зголеми ефективноста на
системот за наплата на даноци и такси, зголемен пристап до надворешно финансирање
на општините, зголемено ниво на извршување на општинскиот буџет и подобрување на
процесот на децентрализација.
Општина Новаци ќе биде дел од проектот „Европска ознака за извонредност на
управувањето ELOGE кој има за цел да ги поддржи единиците на локалната самоуправа
да ги подобрат своите стандарди и да обезбедат висококвалитетни услуги во рамките на
локалната самоуправа. Проектот ќе се имплементира во соработка со Европската
асоцијација за локална демократија АЛДА.

ЕУ ПРОЕКТИ

WWW.OPSTINANOVACI.GOV.MK

СЕ ГРИЖИМЕ ЗА
КУЛТУРАТА И ТРАДИЦИЈАТА

Фолклорот и народниот мелос е
нашата традиција. Токму затоа на
КУД Новаци од Новаци им обезбедив
простории каде редовно ќе вежбаат
ќе ја негуваат, шират и ќе ја пренесат
на идните поколенија македонската
песна и игра и ќе бидат културни
амбасадори на Општина Новаци.
Општина Новаци беше покровител и
домаќин на 21 те Пелагониски
културно-научни средби, научна
манифестација од која произлегоја
многу трудови и научни зборници. На
средбата се презентираат трудови од
областа на историјата и македонис-
тиката посветени на културно -
историските и духовни вредности на
Oпштина Новаци, но и другите
населени места кои ја сочинуваат
географијата на Пелагонија.
Го организиравме традиционалниот
настан за Богојавление Водици 2022
на 14 населени места во Општина
Новаци и за таа цел ќе се исплатат
вкупно 84 000 денари.

WWW.OPSTINANOVACI.GOV.MK

СО ВАША ПОДДРШКА,
ПРОДОЛЖУВАМЕ ДА

РАБОТИМЕ ВО ИНТЕРЕС
НА ОПШТИНА НОВАЦИ.



ВАШ ГРАДОНАЧАЛНИК
СТЕВЧЕ СТЕВАНОВСКИ

WWW.OPSTINANOVACI.GOV.MK


Click to View FlipBook Version