The words you are searching are inside this book. To get more targeted content, please make full-text search by clicking here.

Информатор на Општина Новаци бр. 105

Discover the best professional documents and content resources in AnyFlip Document Base.
Search
Published by Igorce Risteski, 2023-05-09 07:22:24

Информатор бр. 105

Информатор на Општина Новаци бр. 105

Општина Новаци 1.Јавен повик за финансиска помош И Н Ф О Р М А Т О Р Б Р . 1 0 5 Ф Е В Р У А Р И 2 0 2 3 01.02.2023 Општина Новаци објави Јавен повик за доделување на финансиска помош на здруженија на граѓани и фондации, како: спортски клубови, месни заедници, црковни одбори, културно - уметнички друштва, верски заедници и слично од Буџетот на општина Новаци за 2023 година. Износот на средства кои се предвидени во Буџетот на Општина Новаци за 2023 година изнесува 5.000.000,00 денари.


E M A I L : O P S T I N A @ O P S T I N A N O V A C I . G O V . M K Т Е Л Е Ф О Н : 0 4 7 / 2 0 3 0 6 0 Првиот број од весникот "Општински Информатор" излезе во Јуни 2012 година Весникот излегува на секои два месеци Редакција: Катерина Чукалевска, Игорче Ристески Техничка поддршка: Игорче Ристески Издава: општина Новаци Градоначалник: Стевче Стевановски Печати: Графопром - Битола Телефон: 047/20 30 60 email: [email protected] www.opstinanovaci.gov.mk Адреса: општина Новаци, 7211 с.Новаци 2


Содржина Јавен повик за финансиска помош Во тек е изградба на нови санитарни јазливо ООУ „Славко Лумбарковски“ Трета работилница за ажурирање на плановите и стратегиите за ЛЕР Советот на Општина Новаци донесе одлука за финансиска помош на Турција и Сирија Свечено отворање на второто продолжение од проектот "Зајакнување на луѓето во Пелагонија 2"Дуги Рат Донација на о.Новаци за настраданите во катастрофалните земјотреси во Турција и Сирија Информативен состанок со жителите поради реконструкција на улична мрежа Средба со претставниците на Кралскиот институт од Шведска Општина Новаци беше дел од проектот на АГТИС Информативен состанок со претставници од МТВ Советот на Општина Новаци ја одржа 24та седница 1. 2. 3. 4. 5. 6. 7. 8. 9. 10. 11. E M A I L : O P S T I N A @ O P S T I N A N O V A C I . G O V . M K Т Е Л Е Ф О Н : 0 4 7 / 2 0 3 0 6 0 3


E M A I L : O P S T I N A @ O P S T I N A N O V A C I . G O V . M K Т Е Л Е Ф О Н : 0 4 7 / 2 0 3 0 6 0 2.Во тек е изградба на нови санитарни јазли 01.02.2023 Во тек се градежните работи за изградба на нови санитарни јазли по современи стандарди во ЦОУ ,,Славко Лумбарковски" во Новаци како што и доликува за едно основно училиште. 3.Трета работилница за ажурирање на плановите и стратегиите за ЛЕР 02.02.2023 Се одржа третата работилница за развој и/или ажурирање на плановите или стратегиите за локален економски развој на партнер општините на Проектот на USAID North Macedonia за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите. 29 претставници од 13 партнер општини (од втората група партнер општини) ги презентираат клучните специфики од нивните планови за локален економски развој, вклучувајќи ги: визијата, стратешките цели и анализата на деловното опкружување. Во наредниот период, партнер општините ќе ги финализираат своите планови за локален еномски развој а истите се очекува да бидат усвоени од советите на општините. 4


E M A I L : O P S T I N A @ O P S T I N A N O V A C I . G O V . M K Т Е Л Е Ф О Н : 0 4 7 / 2 0 3 0 6 0 4.Советот на Општина Новаци донесе одлука за финансиска помош на Турција и Сирија 08.02.2023 На иницијатива на Градоначалникот на Општина Новаци Стевче Стевановски и Советот на Општина Новаци денес беше одржана вонредна 23 та седница на која беше донесена Одлука за доделување на финансиска помош од Буџетот на Општина Новаци за настраданите од земјотресот во Република Турција и Сирија. Одлуката беше поддржана од сите советници во Советот на Општина Новаци а висината на финансиската помош изнесува 150.000 денари. 5.Свечено отворање на второто продолжение од проектот "Зајакнување на луѓето во Пелагонија 2"Дуги Рат 27.01.2023 Традиционално секоја година на овај ден симболично се закројуваат лозите за богат и квалитетен род на сите лозари и овоштари и да им бидат убави виното и ракијата кои ќе ги произведат. За многу години да ни е Свети Трифун, заштитникот на лозјата, лозарите и винарите. Наздравете со убаво македонско вино за да биде бериќетна и успешна годината! 5 6.Донација на о.Новаци за настраданите во катастрофалните земјотреси во Турција и Сирија 17.02.2023 Општина Новаци и Советот донираа 150 000 денари за настраданите во катастрофалните земјотреси кои минатата недела ги погодија Турција и Сирија. Енвер Челам и Назар Салиевска самоиницијативно, максимално се вложија во организирање и собирање на хуманитарна помош, а Општина Новаци и Пелистерка им излеговме во пресрет и дополнително им обезбедивме еден камион вода со цел да придонесеме на некој начин во надоместок на недостигот од оваа намирница за настраданите.


E M A I L : O P S T I N A @ O P S T I N A N O V A C I . G O V . M K Т Е Л Е Ф О Н : 0 4 7 / 2 0 3 0 6 0 7.Информативен состанок со жителите поради реконструкција на улична мрежа 21.02.2023 Се одржа информативен состанок со жителите чии куќи и имоти се во непосредна близина на локацијата каде ќе се врши реконструкцијата на дел од уличната мрежа за с. Новаци – улица од пошта до Златен клас до крајот на каналот, која ќе води до Индустриската зона Новаци. Имавме одлична дискусија и соработка со месното население кои дадоа свои предлози како да се реши одведувањето на атмосферските води од патот. 6 8. Средба со претставниците на Кралскиот институт од Шведска 21.02.2023 Градоначалникот оствари средба со претставниците на Кралскиот институт од Шведска (KTH), хуманитарната организација „Hand Till Hand“ и компанијата „Sweco“, кои се запознаа со општите карактеристики на Општина Новаци, местоположбата, природните ресурси со кои располагаме, можностите за инвестирање, актуелните проекти и слично. Гостите од Шведска во следниот период ќе работат на изготвување на студија за „Паметен и одржлив Битолски регион“. Овој стратешки документ ќе има за цел да идентификува конкретни препораки и начинот како да се создаде одржлива урбана средина до 2030 година но поважен аспект е начинот како Битолскиот регион да транзитира до регион со чиста енергија. Во периодот кој следи ќе се утврди начинот и чекорите кои ќе водат до понатамошна соработка помеѓу Општина Новаци и Кралскиот институт од Шведска (KTH), хуманитарната организација „Hand Till Hand“ и компанијата „Sweco“. 9. Општина Новаци беше дел од проектот на АГТИС 23.02.2023 Општина Новаци беше дел од проектот на АГТИС со наслов „Отворени општини, со отворени податоци“, финансиски поддржан од НЕД (National Endowment for Democracy). За потребите на проектот се реализираше снимање на ТВ интервјуа кои ќе се емитуваат на ОТВ и на други медиуми, а ќе послужат и за креирање ТВ емисии на локални и национални ТВ куќи. Целта на овие интервјуа е да се споделат многубројните проблеми, но и постигнувања на Општина Новаци и другите општини во Пелагонија и да предизвика интерес кај граѓаните за нивната работа. Ова благопријатно ќе делува на граѓанската доверба во општините и во учеството во јавните активности на општините.


E M A I L : O P S T I N A @ O P S T I N A N O V A C I . G O V . M K Т Е Л Е Ф О Н : 0 4 7 / 2 0 3 0 6 0 10.Информативен состанок со претставници од МТВ 24.02.2023 Се одржа многу корисен информативен состанок со претставници од Министерство за транспорт и врски, администрацијата, проектантите и жителите за претстојната реконструкцијата на дел од уличната мрежа за с. Новаци – улица од пошта до Златен клас до крајот на каналот, која ќе води до Индустриската зона Новаци. Имавме одлична дискусија и договоривме многу важни понатамошни чекори околу проектната документација, атмосферското одводнување на патот, изготвувањето на плановите за експропријација, отстранување на времените објекти и ревегетација. 7 11. Советот на Општина Новаци ја одржа 24та седница Правилник за условите, критериумите и постапката за доделување на еднократна парична помош на физички лица; Извештај на Комисијата за попис на побарувањата, обврските и паричните средства во благајната на Општина Новаци; Одлука за давање на согласност на измени и дополнувања на Годишниот план за вработување за 2023 год. на ООУ „Славко Лумбарковски“- Новаци; Одлука за давање на согласност на измени и дополнувања на Годишниот план за вработување за 2023 год. на МЈП „ПЕЛАЛИНК“ Битола; Предлог - Одлука за поништување на Одлуката за субвенционирање на ЈПКД ,,Комунална Хигиена“ Новаци за отплата на дел од кредит кон Стопанска Банка АД Битола бр. 14-105/14 од 31.01.2023 година; Предлог - Одлука за утврдување на приоритет на Проект „Реконструкција на локална улица во с.Гермијан“; Предлог - Одлука за сопствено учество на Општина Новаци при аплицирање на Проект „Реконструкција на локална улица во с.Гермијан“. Предлог - Одлука за утврдување на приоритет на Проект „Изградба на плоштад кај куќата на Калеш Анѓа во с.Старавина“; Предлог - Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за кофинансирање на Општина Новаци во проектот: ,,Подобар квалитет на живот на населението и заштита на животната средина во Пелагонискиот регион преку планирање и инвестиции во комуналната инфраструктура“ бр. 14-1056/13 од 15.12.2022 година. 28.02.2023 СОВЕТОТ НА ОПШТИНА НОВАЦИ ЈА ОДРЖА 24 ТАТА СЕДНИЦА Советот на Општина Новаци ја одржа 24 тата седница на која се разгледаа десеттина точки на дневен ред. По усвојувањето на записникот за 23 тата седница, беа разгледани и усвоени следните документи: Точката за Годишниот извештај за следењето на реализацијата на договорот за ЈПП за 2023 година се одложи за следната седница. На денешната седница советниците имаа можност да постават и советнички прашања а како дополнување на дневниот ред беа разгледани барањата за финансиска помош од физички лица по предлог на Комисијата за доделување на еднократна парична помош.


E M A I L : O P S T I N A @ O P S T I N A N O V A C I . G O V . M K Т Е Л Е Ф О Н : 0 4 7 / 2 0 3 0 6 0 Сервисни телефони: Општина Новаци: 047/203 060 Матично одделение с.Новаци: 047/282 114 Амбуланта с.Новаци: 047/282 870 Полициска Станица с.Новаци: 047/282 122 ОУ "Славко Лумбарковски" с.Новаци: 047/282 446 Итна медицинска помош: 194 Пожари и елементарни непогоди: 193 Центар за известување и тревожење: 195 Пријавување корупција: 0800 10 100 8


Click to View FlipBook Version