Општина Новаци Одбележување на Ѓурѓовден 1. И Н Ф О Р М А Т О Р Б Р . 1 0 7 М А Ј - Ј У Н И 2 0 2 3 06.05.2023 Се одбележа Ѓурѓовден, празникот на сефалениот великомаченик Христов, Георгиј, ослободителот на заробените, заштитникот на сиромавите, лекар на немоќните, помошник на царевите, победоносецот Георгиј. Нека е за многу години!
E M A I L : O P S T I N A @ O P S T I N A N O V A C I . G O V . M K Т Е Л Е Ф О Н : 0 4 7 / 2 0 3 0 6 0 Првиот број од весникот "Општински Информатор" излезе во Јуни 2012 година Весникот излегува на секои два месеци Редакција: Катерина Чукалевска, Игорче Ристески Техничка поддршка: Игорче Ристески Издава: општина Новаци Градоначалник: Стевче Стевановски Печати: Графопром - Битола Телефон: 047/20 30 60 email: [email protected] www.opstinanovaci.gov.mk Адреса: општина Новаци, 7211 с.Новаци 2
Содржина 1. Одбележување на Ѓурѓовден 2.Во Општина Новаци одбележан денот на Европа со Италијанска делегација 3.Советот на Општина Новаци ја одржа 29тата седница на Совет 4.Освоено прво место во третата Македонска лига на нашиот фудбалски клуб 5.Седумчлена делегација од Општина Новаци ја посети збратимената Општина Хрпеље Козина, Хрватска 6.Посета на собирниот центар за обработка и селекција на отпадот во Сежана, Хрватска 7.Посета на најгоелмата депонија во Љубљана 8.Донација од доброволното противпожарно друштво ПГД Материја 9.Санација на банкините на патниот правец Новаци - Рибарци 10.Дезинсекција на територија на Новаци 11.Реконструкција на оградата на фудбалскиот клуб во Новаци 12.Освоен купот на ОФС во Битола 13.Делегација од Општина Новаци положи цвеќе на гробот на бранителот Пеце Матичевски 14.Општина Новаци ќе работи на проект за одржливо управување со отпад 15.Општина Новаци ќе им ја плаќа партиципацијата на идните студенти 16.Посета во Сакариа, Турција 17.Средба со членови на стопанската комора SASIAD 18.Дезинсекција на територија на Новаци - втора фаза 19.Меморијален турнир во мал фудбал „Пеце Матичевски“ 20.Советот на Општина Новаци ја одржа 30тата седница на Совет 21.Нови бехатон плочки во манастирот Св.Никола, Суводол 22.Чистење на коритото на 10от канал 23.Членовите на КУД Новаци дел од Меѓународниот фолклорен фестивал во Црна Гора 24.Санирани штетите на преминот на река Елешка 25.КУД Новаци зеде учестово на Интернационалниот „Фолк Фест Монтенегро 2023“ 26.Јавна презентација, Јавна анкета во Општина Новаци 27.Приспособување на полските патишта 28.Заврши меморијалниот турнир во мал фудбал „Пеце Матичевски“ E M A I L : O P S T I N A @ O P S T I N A N O V A C I . G O V . M K Т Е Л Е Ф О Н : 0 4 7 / 2 0 3 0 6 0 3
10.05.2023 Советот на Општина Новаци ја одржа 29 тата седница на која се разгледаа и се донесоа следните точки: - Записникот од 28-та седница на Совет на Општина Новаци; - Измени и дополнувања на Програма за изработка на урбани планови на територијата на Општина Новаци за 2023 г.; - Одлука за поднесување на барање за гранд на Јавниот повик за барања за обезбедување на финансиска помош во изработка на техничка документација за приоритетни инфраструктурни проекти во рамките на Фондот за техничка документација; - Одлука за укинување на одлуката за давање на користење на мрежата на јавно осветлување на територијата на Општина Новаци бр.14-855/27 од 23.09.2022 годинач - Програма за санација, одржување на полски патишта и чистење на земјени канавки покрај полските патишта во Општина Новаци во 2023 година - Одлука за утврдување на приоритет за аплицирање во проектот Јакнеење на општинските капацитети за имплементација на проекти – Фаза 2 во рамките на првиот повик за финансирање на техничка документација за инфраструктурни проекти од Фондот за техничка документација на УНДП. Советниците го разгледаа и барање од Здружение меморијален турнир во мал фудбал “ПЕЦАК – ПМ 2001“ за организирање на традиционален меморијален турнир во мал фудбал во чест и сеќавање на Пеце Матичевски од с.Новаци; Седницата заврши со советнички прашања. E M A I L : O P S T I N A @ O P S T I N A N O V A C I . G O V . M K Т Е Л Е Ф О Н : 0 4 7 / 2 0 3 0 6 0 2.Во Општина Новаци одбележан денот на Европа со Италијанска делегација 09.05.2023 По повод Денот на Европа денеска во Општина Новаци имавме делегација од Република Италија, поточно претставници од здружението Armata d ’Oriente . Заеднички во знак на помирување и сеќавање на жртвите од Прва светска војна кои се бореле и загинале на Македонскиот фронт, го посетивме споменикот во с.Брод и положивме свежо цвеќе. Разменивме идеи за можна соработка во насока на развој на меморијалниот туризам во Општина Новаци. 4 3.Советот на Општина Новаци ја одржа 29тата седница на Совет
E M A I L : O P S T I N A @ O P S T I N A N O V A C I . G O V . M K Т Е Л Е Ф О Н : 0 4 7 / 2 0 3 0 6 0 4. Освоено прво место во третата Македонска лига на нашиот фудбалски клуб 14.05.2023 ШАМПИОНИ! Честитки за освоеното прво место на нашиот фудбалски клуб ФК Новаци во третата македонска фудбалска лига Југозапад сезона 2022/23 година. Им посакуваме многу успеси, многу титули и победа во претстојниот бараж за влез во втора македонска фудбалска лига. 5. Седумчлена делегација од Општина Новаци ја посети збратимената Општина Хрпеље Козина, Хрватска 17.05.2023 Седумчлена делегација од Општина Новаци денес ја посети збратимената Општина Хрпеље Козина, Р.Словенија. Градоначалничката Саша Ликавец Светелшек ја претстави општината и проектите кои се започнати и се градат, и она што е направено во изминатите години. Градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски ги запозна домаќините со општината,тековните и идните проекти и можните полиња на идна соработка. На свечената седница беа разменети пригодни подароци во знак на доброто пријателство. Делегацијата го посети здравствениот дом, детската градинка и основното училиште, индустриската зона, митскиот парк и музеј во Родик, посета на фармата Махне во Татре и семејната сирењара, овоштарникот во Прешница и локалниот бизнис за производство на сушено месо во Слопе. При посетата на доброволното противпожарно друштво во Материја на македонската делегација им беше донирана противпожарна опрема и дваесет комплети противпожарна облека. Општините Новаци и Хрпеље Козина се звратимени десет години и редовно ја одржуваат соработката и комуникацијата која и понатаму ќе трае. 5 6.Посета на собирниот центар за обработка и селекција на отпадот во Сежана, Хрватска 18.05.2023 Со нашите домаќини од Хрпеље Козина и амбасадорот на Република Македонија во Р.Словенија Горан Милевски, денес остваривме посета на собирниот центар за обработка и селекција на отпадот во Сежана каде се одлага отпадот од 4 општини. Од најзелената земја во Европа денес научивме многу искуства и позитивни практики за селекција и обработка на отпадот, прочистување на водата, одлагање на сметот и одведување на истит на регионалната депонија во Кршко. Старата депонија е покриена според сите стандарди за да има нула загадување на воздухот и почвата. Оваа посета ќе ни помогне во иднина и ние да ги примениме овие добри практики со цел да ја заштитиме животната средина и здравјето и животот на луѓето во Пелагонискиот регион.
E M A I L : O P S T I N A @ O P S T I N A N O V A C I . G O V . M K Т Е Л Е Ф О Н : 0 4 7 / 2 0 3 0 6 0 7.Посета на најголемата депонија во Љубљана 19.05.2023 Делегација на Општина Новаци ја посети најголемата регионална депонија во Љубљана каде се одлага сметот од 56 општини со вкупно 800 000 жители во Словенија. Овој центар за третман на комуналниот отпад е еден од најсовремените и најдобро организираните во Европа. 6 8.Донација од доброволното противпожарно друштво ПГД Материја 20.05.2023 Огнот е добар слуга но лош господар, вели народната изрека. Токму затоа во чест на Денот на пожарникарите при посетата на збратимената Oпштина Хрпеље Козина, го посетивме доброволното противпожарно друштво ПГД Материја кои за нашите доброволни пожарникари ни донираа 20 комплети противпожарни одела со комплетна опрема. Им благодариме од се срце затоа што огнената стихија има застрашувачка природна сила која мора да се скроти, а за да се совлада еден таков противник покрај храброста на пожарникарите треба не само знаење, умешност туку и соодветна опрема. Им го честитаме денешниот ден на сите пожртвувани пожарникари. 9.Санација на банкините на патниот правец Новаци - Рибарци 23.05.2023 Градоначалникот направи увид на санацијата на банкините со тампонски слој дробеник на патниот правец Новаци - Рибарци во должина од 2,5 км. Вредноста на градежните активности изнесува 488.520,00 денари, средства обезбедени од Буџетот на Општина Новаци. Санацијата на банкините се прави на барање на жителите на с. Рибарци заради зголемена безбедност во сообраќајот.
E M A I L : O P S T I N A @ O P S T I N A N O V A C I . G O V . M K Т Е Л Е Ф О Н : 0 4 7 / 2 0 3 0 6 0 10.Дезинсекција на територија на Новаци 29.05.2023 Екипа на Центар за јавно здравје Битола спроведи ларвицидна превентивна теристичка (од земја) дезинсекција со цел уништување на ларвните облици на комарците. Запрашувањето ќе се врши во предпладневните часови, со апаратура УЛВ ладно запрашување поставено на пикап - возило. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени застојни води, бари, течението на река Црна, мочурливи површини под вегетација, одводни канали кои се мапирани на теренот како потенцијални места за развој на ларвените облици на комарците. Третирањето ќе се изведува со високо селективен биолошки инсектицид на база на BIOPREN 50 LML, наменет за уништување на ларвите на комарците. Во случај на неповолни временски услови дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден. 7 11.Реконструкција на оградата на фудбалскиот клуб во Новаци 29.05.2023 Во соработка со ЈКП ,,Комунална хигиена" Новаци запонавме со реконструкција на оградата на фудбалскиот стадион во Добромири. Средствата се обезбедени од буџетот на Општина Новаци.
E M A I L : O P S T I N A @ O P S T I N A N O V A C I . G O V . M K Т Е Л Е Ф О Н : 0 4 7 / 2 0 3 0 6 0 12.Освоен купот на ОФС во Битола 04.06.2023 Уште еден пехар во рацете на нашиот ФК Новаци! Денес во финалниот натпревар со ФК Поешево кој се одигра на градскиот стадион Петар Милошевски во Битола освоен е купот на ОФС Битола. Честитки!!! 13.Делегација од Општина Новаци положи цвеќе на гробот на бранителот Пеце Матичевски 05.06.2023 На денешен датум се навршуваат 22 тажни години од смртта на нашиот сограѓанин Пеце Матичевски, кој животот го даде во одбрана на татковината во конфликтот во 2001 година. Делегација составена од општинската администрација и Советот на Општина Новаци положија цвеќе на гробот на бранителот Пеце Матичевски на гробиштата во Новаци. На денешен ден 05.06.2001 година загинаа во заседа кај Гајре, Шипковица Пеце Матичевски, Влатко Миленковски и Благојче Силјановски, воени резервисти, припадници на баталјонот на Воената полиција од Битолскиот корпус. 8 14.Општина Новаци ќе работи на проект за одржливо управување со отпад 05.06.2023 По повод одбележувањето на 5 Јуни Светскиoт ден на животната средина, денеска во хотелот Double Tree Hilton, се одржа воведната Конференција на проектот „Одржливо управување со отпадот на локално ниво". На конференцијата градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски потпиша меморандум за соработка со САЛАР Интернационал и партнерите на проектот - Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за локална самоуправа и ЗЕЛС. Со потпишување на меморандумите започна и официјалниот дел на имплементацијата на проектот на локално ниво, кој веќе има изработена студија за состојбата со отпадот во овој дел од земјата. Користејќи ја огромната база на знаење, проектот ќе биде доверлив партнер на општините и ќе ги поддржи со: • Развивање на Локални акциски планови за управување со отпад (ЛАП) и спроведување на активности од Оперативниот регионален план за управување со отпад (ОРПУМ) • Развој на различни анализи, студии и други документи наменети за поддршка на практичното спроведување на активностите за управување со отпад • Подобрена мобилизација на ресурси за иницијативи и проекти поврзани со отпадот • Подобрени пристапност, меѓуопштинска координација, дијалог за политиките и подигање на свеста • Национални, регионални или меѓународни студиски посети и размена на идеи за одржливи практики за управување со отпад.
E M A I L : O P S T I N A @ O P S T I N A N O V A C I . G O V . M K Т Е Л Е Ф О Н : 0 4 7 / 2 0 3 0 6 0 15.Општина Новаци ќе им ја плаќа партиципацијата на идните студенти 08.06.2023 Со потпишување на Меморандум за соработка меѓу Општина Новаци и УКЛО ќе се влијае на намалувањето на миграцијата на младите луѓе во најкритичните моменти во државата и нивно останување во родното место во матичната земја. Меморандумот го потпишаа градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски и ректорот, проф. д-р Игор Неделковски во просториите на ректоратот. Предлогот на градоначалникот Стевановски финансиски да се помагаат идните студенти, жители на Општина Новаци кои ќе се запишат на државните универзитети на прв циклус студии во Македонија ќе се најде на дневен ред на седница на Советот на Општина Новаци. Градоначалникот Стевче Стевановски очекува дека Советот ќе ја прифати идејата, Општината да ги стимулира младите жители да се запишуваат на државните универзитети, поточно на УКЛО, да се стипендираат во нивното студирање, со верување дека на овој начин се прави чекор напред кон задржување на младите дома првенствено со студирањето а потоа и со нивното работење и создавање семејство. Според ректорот Неделковски со формализирање на иницијативата Општина Новаци прави крупен исчекор, во заложбата да се задржат младите и квалификувани луѓе, дека станува збор за еден позитивен пример со којшто Општината препознала начин да се намали миграцијата кон странство и миграцијата од руралните средини кон градовите. На овој начин, Меморандумот за соработка со самото потпишување промовираше еден од начините за сплотување на чинителите во општеството за решавање на вакви важни прашања кои може да отворат развојни перспективи во цели региони. 9 16.Посета во Сакариа, Турција 10.06.2023 Во рамките на мојата работна посета во Сакариа,Турција денес присуствував на отворањето на стоковната куќа на пет ката на фирмата GENCBEBE. Сопствениците се потенцијални заинтересирани инвеститори кои имаат отворено фирма со седиште во Новаци и планираат да отворат фабрички погон на оваа голема компанија во Индустриската зона во Новаци. Им посакувам голем успех и што поскоро да им посакаме добредојде и отворање на претставништво на GENCBEBE во Општина Новаци.
12.06.2023 На ден 13.06.2023 година, екипа на Центар за јавно здравје Битола спроведи ларвицидна превентивна теристичка (од земја) дезинсекција со цел уништување на ларвните облици на комарците - втора фаза. Запрашувањето ќе се врши во предпладневните часови, со апаратура УЛВ ладно запрашување поставено на пикап - возило. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени застојни води, бари, течението на река Црна , мочурливи површини под вегетација, одводни канали кои се мапирани на теренот како потенцијални места за развој на ларвените облици на комарците. Третирањето ќе се изведува со високо селективен биолошки инсектицид на база на BIOPREN 50 LML, наменет за уништување на ларвите на комарците. Во случај на неповолни временски услови дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден. E M A I L : O P S T I N A @ O P S T I N A N O V A C I . G O V . M K Т Е Л Е Ф О Н : 0 4 7 / 2 0 3 0 6 0 17.Средба со членови на стопанската комора SASIAD 10.06.2023 По повод Денот на Европа денеска во Општина Новаци имавме делегација од Република Италија, поточно претставници од здружението Armata d ’Oriente . Заеднички во знак на помирување и сеќавање на жртвите од Прва светска војна кои се бореле и загинале на Македонскиот фронт, го посетивме споменикот во с.Брод и положивме свежо цвеќе. Разменивме идеи за можна соработка во насока на развој на меморијалниот туризам во Општина Новаци. 10 18.Дезинсекција на територија на Новаци - втора фаза 19.Меморијален турнир во мал фудбал „Пеце Матичевски“ 12.06.2023 Се отвори 8миот по ред Меморијален турнир во мал фудбал Пеце Матичевски кој традиционално се организира во месец јуни под покровителство на Општина Новаци. Големо е задоволството да се гледа дека од година во година овој спортски настан сеуште се негува и е уште побогат и помногуброен. Посакувам уште долги успешни години на постоење и организирање на овој спортски настан кој го носи името на еден херој Пеце Матичевски кој е родум од Новаци а животот го даде на браникот на татковината во конфликтот во 2001година. Општина Новаци и понатаму ќе ги поддржува ваквите спортски настани и манифестации во границите на своите можности.
E M A I L : O P S T I N A @ O P S T I N A N O V A C I . G O V . M K Т Е Л Е Ф О Н : 0 4 7 / 2 0 3 0 6 0 20.Советот на Општина Новаци ја одржа 30тата седница на Совет 13.06.2023 Советот на Општина Новаци на ден 13.06.2023 година во салата за Совет во зградата на Општина Новаци, со почеток во 12:00 часот, ја одржа 30тата седница. 11 21.Нови бехатон плочки во манастирот Св.Никола, Суводол 13.06.2023 Поставени се нови бехатон плочки на вкупна површина од 350 метри квадратни во манастирот Св. Никола во Суводол. Инвестицијата чини 334.530 денари а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Новаци. 22.Чистење на коритото на 10от канал 15.06.2023 Во соработка со ЈП Водостопанство ,,Битолско Поле,, и ЈПКД ,,Комунална Хигиена,, Новаци, спроведуваме акција за чистење на коритото на 10-ти канал од вегетација и наслаги. 23.Членовите на КУД Новаци дел од Меѓународниот фолклорен фестивал во Црна Гора 18.06.2023 Традицијата, фолклорот, народните песни и ора мора да се негуваат за да не се заборават. Вечерва им посакав среќен пат на членовите на КУД Новаци кои ќе бидат дел од Меѓународниот фолклорен фестивал кој ќе се одржи во периодот од 18 до 26 јуни во Суто море, Црна Гора. Верувам дека достојно ќе ја претстават Општина Новаци и ќе бидат нашиот културен амбасадор како многу пати досега.
E M A I L : O P S T I N A @ O P S T I N A N O V A C I . G O V . M K Т Е Л Е Ф О Н : 0 4 7 / 2 0 3 0 6 0 24.Санирани штетите на преминот на река Елешка 26.06.2023 Санирани се штетите на преминот на Река Елешка, предизвикани од неодамнешните поројни врнежи од дожд и воспоставено е непречено движење на земјоделците со земјоделската механизација кон своите посеви во атарите на селата Бач, Брод и Гермијан. 12 25.КУД Новаци зеде учестово на Интернационалниот „Фолк Фест Монтенегро 2023“ 28.06.2023 КУД Новаци учествуваше на 8-миот по ред Интернационален „Фолк Фест Монтенегро 2023“. Голема благодарност за Општина Новаци и Советот што им го овозможивме ова учество. 26.Јавна презентација, Јавна анкета во о.Новаци 28.06.2023 Во Општина Новаци се одржа повторена јавна презентација и јавна анкета согласно забелешките на Министерство за транспорт и врски за Урбанистичкиот план вон населено место за изградба на објекти со намена Г2 лесна незагадувачка индустрија, КОНоваци - вон град, Општина Новаци. Им благодариме на жителите и сите засегнати јавни субјекти кои зедоа учество на оваа јавна презентација.
E M A I L : O P S T I N A @ O P S T I N A N O V A C I . G O V . M K Т Е Л Е Ф О Н : 0 4 7 / 2 0 3 0 6 0 27.Приспособување на полските патишта 29.06.2023 Интензивно се работи на приспособување на полските патишта со цел да им се олесни пристапноста и достапноста на нашите жители и земјоделците. Вакви зафати ќе се работат на полските патишта во: Гермијан, Живојно, Гнеотино, Рибарци, Добромири, Новаци, Далбеговци, Горно и Долно Агларци. 28.Заврши меморијалниот турнир во мал фудбал „Пеце Матичевски“ 30.06.2023 По 18 дневно натреварување вечерва заврши 8 миот по ред меморијален турнир во мал фудбал Пеце Матичевски. Прво место освои екипата од Новаци - Паше Второ место - Фасада Чајник Трето место - Панорама Четврто место - Сливница 13
E M A I L : O P S T I N A @ O P S T I N A N O V A C I . G O V . M K Т Е Л Е Ф О Н : 0 4 7 / 2 0 3 0 6 0 Сервисни телефони: Општина Новаци: 047/203 060 Матично одделение с.Новаци: 047/282 114 Амбуланта с.Новаци: 047/282 870 Полициска Станица с.Новаци: 047/282 122 ОУ "Славко Лумбарковски" с.Новаци: 047/282 446 Итна медицинска помош: 194 Пожари и елементарни непогоди: 193 Центар за известување и тревожење: 195 Пријавување корупција: 0800 10 100 14