2 ГОДИНИ ГРАДОНАЧАЛНИК
ОПШТИНА ВИНИЦА
НОЕМВРИ 2017 – ОКТОМВРИ 2019
ИВИЦА ДИМИТРОВ
2 ГОДИНИ ОТВОРЕНА ОПШТИНА
Почитувани сограѓани, имам особена чест и одговорност да ви се
обратам, по повод 2 години од моето работење како градоначалник.
Благодарејќи на големиот ангажман на целокупниот тим на новата
локална власт за само 24 месеци постигнавме многу. Од задолжена
општина, без развојни проекти во тек, со многу нерешени
инфраструктурни проблеми, за краток период успеваме да ја вратиме
Виница на прав пат.
Како основна обврска на која се обврзавме беше подобрување на животот низ цела општина Виница и на сите граѓани кои
живеат овде. Во продолжение прочитајте за голем дел од проектите кои се завршени во овој период. Реализиравме 120
проекти од важност за сите граѓани. Асфалтирани и пробиени улици, водоводни и канализациони мрежи во километри,
развојни урбанистички планови, спортски терени, нова механизација за комунални потреби, развојни проекти за сите школи,
фотоволтаични системи и филтер станици се само дел од проектите за кои ќе прочитате. Во овие 24 месеци имав и илјадници
средби со граѓани, како дел од нашата визија за отворена општина Виница, за сите.
Ги унапредивме сите постојни а воведовме и нови спортски и културни манифестации со кои ја враќаме Виница на
Македонската мапа на случувања.
Продолжуваме понатаму, заедно.
Ваш, Ивица Димитров.
2 ГОДИНИ ОТВОРЕНА ОПШТИНА
120 ПРОЕКТИ
Целосно реализирани повеќе од 120 проекти
од интерес на цела општина и сите граѓани.
ПОВЕЌЕ ОД 25 УЛИЦИ
Асфалтирани и реконструирани повеќе од 25
улици и патни правци во градот и општината.
НАМАЛЕН Е ДОЛГОТ
За само 2 години вративме повеќе од 1/3 од
наследениот долг од скоро 97 милиони денари.
ОПШТИНА ЗА СИТЕ
Работиме одговорно и плански и во градот и
во сите населени места низ општина Виница.
УЛИЦИ И
ПАТИШТА
01 ПРИСТАПНА ОПШТИНА
Изградени и реконструирани патни правци,
мостови и пристапни патишта низ цела општина.
02 БЕЗБЕДНА ОПШТИНА
Изградба на нови и доуредување на старите
пешачки патеки и зони низ цела општина.
03 ЧИСТА ОПШТИНА
Одржување на влезовите на градот и населените места,
и чистење на страните за зголемена видливост
ПОВРЗАНА ОПШТИНА
04 Во соработка со општините од регионот и државата до
реконструирани патни правци кон и до општината.
УЛИЦИ И ПАТИШТА Асфалтирани улиците Наум
Наумовски Борче и Љупчо Сантов
Најруинираните улици во градот “Наум
Наумовски Борче“ во должина од 330 метри
со вредност на проектот од 1.239.924 денари
и ул. “Љупчо Сантов“ во должина од 220
метри со вредност на проектот од 763.069
денари, се реконструирани и комплетно
покриени со нов слој асфалт во месец
Октомври 2019 со сопствен буџет.
УЛИЦИ И ПАТИШТА Асфалтиранa улицaта Иво Лола Рибар
и дел од Партизанска
Асфалтирана е најдолгата улица од 440 метри
“ Иво Лола Рибар “ во Ромско маало со
вредност 1.162.447 денари.
Реконструирани се и 100 метри од горниот
дел на улицата “Партизанска “ со вредност на
проектот од 818.916 денари.
Овие проекти се финансирани од
општинскиот буџет.
УЛИЦИ И ПАТИШТА Асфалтирани улици во Драгобраште
и Блатец во 2019 година
Aсфалтирана улицата во маалото Чукарлии во
с.Драгобраште во должина од 200 метри и
вредност од 577.565 денари.
Реконструкција и нов асфалт доби и улицата
во м.в. Водарница до гробиштата во Блатец
во вредност 698.703 денари.
И двата проекта се од овогодинешниот буџет
на општина Виница.
УЛИЦИ И ПАТИШТА По 70 години асфалтирана најстарата
земјена улица во Пеклани
Најстарата улица во селото е околу 200 метри,
асфалтот е до последната куќа, а
дополнително е асфалтиран и долот од 70
метри, како и уште еден крак од мостот на
Пекланска река. Вкупно асфалтирани се околу
320 метри во Пеклани со вредност 755.882 од
сопствениот буџет на општината.
УЛИЦИ И ПАТИШТА Асфалтирани улици во Истибања и
Јакимово во 2019 година
Во истибања паралелно со изградбата на новиот
мост е реконструирана и асфалтирана улица од
200 метра со овогодинешната програма на
општината. Вредноста на патот е 516.153 денари.
Оваа година се асфалтираше и во село Јакимово.
300 метри е должината на една од уличките во
селото, и дополнителни два крака на кои се
интервенираше по барање на жителите. Вредност
659.415 денари.
УЛИЦИ И ПАТИШТА Асфалтирани 2 улици во Градец и
Сокак Маало во Лески во 2019 година
Со програмата од 2019 година опфатено со
асфалтирање беше и Градец со 2 улици со
вкупна должина 300 метри и вредност
790.032 денари. Се асфалтираше и Сокак
Маало во с.Лески во должина од 200 метри и
вредност на проектот 540.216 денари.
Обете улици се финансирани од буџетот на
општина Виница.
УЛИЦИ И ПАТИШТА Од Виничка страна проширен и завршен
рег. пат за Делчево преку Бигла
Во соработка со Јавното претпријатие за
државни патишта го проширивме и
реконструиравме целосно регионалниот пат
за Делчево преку с.Бигла во должина од 8.600
метри. Овој проект од 68.000.000 денари е од
огромно значење и за градот и за сите
населени места кои гравитираат околу овој
пат и секојдневно го користат.
УЛИЦИ И ПАТИШТА Комплетиран регионалниот пат Виница-
Лески-Зрновци
Во соработка со Јавното претпријатие за
државни патишта завршена е реконструкцијата
и асфалтирањето на најфреквентната
сообраќајница во Виница која поврзува три
населени места, односно е главна комуникација
меѓу градот и селата Лески со Зрновци. Патот на
Виничка страна е во вкупна должина од 1.850
метри со проширување од 4-4,25 метри, и оваа
инвестиција е со вредност 10.000.000 денари
УУЛЛИИЦЦИИИИППААТТИИШШТТАА АСФАЛТИРАН ЛОКАЛНИОТ ПАТ
ТРСТИЈА- ГРЛАНИ
Патот е во должина од 1794 метри , има четири
пропусти од кои еден помал и три поголеми.
Вкупната инвестиција на општината е 8.000.000
денари, од кои 25 % ги инвестиравме од
општинскиот Буџет, останатите се обезбедени
преку Светска Банка. Овој патен правец отвара
нова перспектива во развојот на овие ридско-
планински планински рурални подрачја.
УУЛЛИИЦЦИИИИППААТТИИШШТТАА Асфлатирано Блатец, Градец, Лески и
Трстија во 2018 година
Во Трстија освен локалниот пат со должина од 1,8км
асфалтирана е и улица од 300 метри.
Со општинскиот буџет во 2018 опфатен е и Блатец
каде освен другите проекти асфалтирана е и улица
во должина од 200 метри. Во с.Градец 2018 се
асфалтираше во должина од 100 метри.
2018 година ја асфалтиравме и главната улица во
селото Лески со што овој дел доби целосно нов лик
и олеснето движење.
УУЛЛИИЦЦИИИИППААТТИИШШТТАА Асфалтирана една од најдолгите и
најстари улици во село Јакимово
Најстарата улица во Јакимово, после 60 години
доби асфалт. Најстарите жители во село
Јакимово конечно имаат пристојни услови. Во
2018 се асфалтираше една од најдолгите улици
во селото во должина од 450 метри.
УЛИЦИ И ПАТИШТА Во 2018 година по неколку годишна
пауза асфалтирани 6 улици во градот
Со буџетот за 2018 година предвидени и
реализирани за реконструкција и асфалтирање,
освен во 5 населени места, беа и 6 градски
улици кои беа во најлоша состојба.
Со должина од 1600 метри беа опфатени
најкритичните 6 улици во градот.
УЛИЦИ И ПАТИШТА Во 2018 година по неколку годишна
пауза асфалтирани 6 улици во градот
Жителите на улиците “Рајко Жинзифов“, “Јане
Сандански“, “Видое Смилески Бато“, “4-та
Македонска Бригада“ конечно добија асфалт.
Општина Виница со свои средства ги
реконструирање и улицата “Илинденска“ во
вкупна должина од 400 метри и 300 метри од
улицата “Братство и единство“.
УЛИЦИ И ПАТИШТА Виница – Берово и
Истибања – Македонска Каменица
Со заеднички напори со Јавното претпријатие
за државни патишта се изврши минирање и
реконструкција на патниот правец Истибања –
Македонска Каменица.
Оваа година се реконструираше и дел од
регионалниот пат Виница – Берово во должина
од 3.500 метри на Виничка страна.
НОВИ УЛИЦИ НИЗ ЦЕЛА
ОПШТИНА
4 НОВИ
МОСТОВИ
01 МОСТ ВО С. ПЕКЛАНИ
Вредност на проектот е 915.054
денари
02
2 МОСТА ВО С. ЛАКИ
Вредност на проектот е 1.002.977
03 денари
МОСТ ВО С. ИСТИБАЊА
04 Во крајна фаза е изградбата на
мостот во Кајанечки дол .
Вкупната инвестиција е повеќе од 2,5 милиони денари, средства од општинскиот буџет.
У Л И ЦМИОИС ТПОАВТИИ Ш Т А Полесно движење низ населените места
со изградбата на 4 нови мостови
- Реконструкција на постоечкиот мост во
горниот дел од с.Лаки
- Изградба на целосно нов мост до црквата во
с.Лаки
- Нов мост на Пекљанска река за олеснето
движење низ селото
- Изградба на мост во Кајанечки дол кој ги
поврзува маалските куќи од двете страни на
долот.
ВОДОВОД И
КАНАЛИЗАЦИЈА
01 ЧИСТА ВОДА ЗА ПИЕЊЕ
Чиста и здрава вода за пиење како
приоритет низ цела општина.
02 РЕДОВНО ВОДОСНАБДУВАЊЕ
Редовно и правилно одржување и зголемување
на капацитетот на водоводниот систем.
03 ЗДРАВА ЖИВОТНА СРЕДИНА
Замена на старите азбестни цевки како и зголемена
канализациона мрежа за здрава средина
ВО СЕКОЕ НАСЕЛЕНО МЕСТО
04 Секое маало и населено место има право на
пристап до водоводна и канализациона мрежа.
ВО ВДУОЛВДИОЦВДИО–ИДГНПРААТДМИВРЕШИТНЖААИЦА Конструкција и замена на старите
азбестни цевки на 10 улици – 3.960метри
Старите азбестни цевки се заменети на улиците:
“Славчо Стојменски“, “Браќа Миладинови“,
“Раде Кончар“, дел од Булеварот “Маршал
Тито“, делови од улиците “Страшо Пинџур“,
“Стив Наумов“, “Илинденска“, “Димитар
Осоговски“, “Димитар Влахов“, “Јане Сандански.
Проектот чини 6.500.000 денари.
ВОДОВОД – ГРАД ВИНИЦА Решен проблемот со водоснабдување на ул. Иво Лола Рибар
- Поставени нови цевки од 200 метри.
Реконструкција на дел од водоводна мрежа на ул. Илинденска.
Нова водоводна мрежа на ул. Јане Сандански.
Замена на старата со нова водоводна линија на улицата 4та
Македонска Бригада.
Поставување на помали краци со водоводна мрежа низ градот.
ВОДОВОД – НАСЕЛЕНИ Нова водоводна линија за маало Трајановци во с.Грљани во
МЕСТА должина од 1500 метри
Санација на цевковод во с.Блатец
Резервоар за вода (Мајсторци, Беловци и Петревце)
Поставување на помали краци со водоводна мрежа низ
Јакимово, Трсино, делумно с.Истибања.
ВОДОВОД – НАСЕЛЕНИ Ископ на 4 нови бунари во с.Лески. Поставување на прстени за
МЕСТА вода од новоископаните бунари на Плачковица
Во тек изработка на документација за проширување на филтер
станицата во Виница и целосно поврзување на с.Лески со
водоводната мрежа на Виница.
Наскоро целосно решавање на деценискиот проблем на с.Лески
со редовно водоснабдување.
Ф И ЛВУТОЕЛДРИОСЦВТИОАИДННИПАЦА ТАМ-ИР ТЕШРТЖСААИ Н О По 20 години обезбедена чиста и
квалитетна вода за пиење во с.Трсино
Го решаваме деценискиот проблем и барање на
жителите од регионот на Трсино. Изградена и
пуштена во употреба е целосно нова Филтер
станица со вредност 7.044.000 денари од кои
25% покри општината а останатото Светска
Банка.
КАНАЛИЗАЦИЈА ВО ГРАДОТ Изградба на нова канализација на ул. Илинденска
Изградба на нова канализација на ул. Ванчо Прќе
Надворешна канализација во делот кај Трико, Агробар и
комплексот јужно од Трико, во вредност од 375.000 денари.
Дислокација на надворешна канализација на ул.Видое
Смилевски Бато.
Поставување на повеќе краци од канализацоната мрежа на
разни локации низ градот.
КАНАЛИЗАЦОНА МРЕЖА – Изградба на нова канализациона мрежа во с.Лески со должина
НАСЕЛЕНИ МЕСТА од 446 метри – проект со вредност од 940.000 денари
Санирање, довршување и поставување на нова канализацијата
во Село Градец во должина од 62, 70 и 60 метри.
Канализација во с.Трсино во должина од 100 метри
Канализација за ПОУ Никола Парапунов во Драгобраште и ОЈУГД
Гоце Делчев во Трсино
Поставување на канализација во с.Истибања во должина од 460
метри и вредност од 2.000.000 денари.
СПОРТ И
РЕКРЕАЦИЈА
01 НОВИ СПОРТСКИ ОБЈЕКТИ
Нова спортска сала и подобрени
услови за рекреативен и клубски спорт.
02 СПОРТСКИ МАНИФЕСТАЦИИ
Поддршка и воведување на нови спортски
манифестации и случувања во општината.
03 ПОДДРШКА ЗА КЛУБОВИ
Значајно зголемена поддршката за спортските
клубови и поединци во општината.
04 НОВИ ПЕШАЧКИ ПАТЕКИ
Нови пешачки поплочени во градот и
околината.
НВУООЛВДАИОЦСВИПООИДРНПТАСА ТКМАИРСЕШ ТАЖАЛАА ЦЕЛОСНО НОВА СПОРТСКА САЛА ВО
СКЛОП НА ОУ СЛАВЧО СТОЈМЕНСКИ
Овој капитален објект со инвестиција од 25
милиони денари е изграден според сите
неопходни стандарди за една училишна
спортска сала и е комплетно уреден со
реквизити, со тоалети, соблекувални, и
претставува прв ваков спортски објект кој што
се изградил за потребите на училиштата во
последната деценија.
ПНОВУОДОЛВДДАИРОЦСШВИПКООАИДРНПТАСА ТКСМАИПРСЕШО ТАРЖТАЛАОА Т СПОРТСКИ АСОВИ – Нова манифестација
за поддршка и промоција на спортот
Овој настан се организираше на иницијатива на
градоначалникот, а во соработка со дел од
спортската фела во Виница, во реализација на
Комисијата за настани и манифестации во
општината.
Овој настан е комплетна слика од најдоброто во
спортот во нашата општина, но и мерило во која
насока се движат амбициите и успесите на
нашите клубови.
ПОДДРШКА НА СПОРТОТ 4.000.000 денари поддршка за спортски организации.
Поддршка на нови спортски успеси во Виница и нови
организации како Чупино Трејл.
Традиционално оддржување на Тодорови трки.
Целосно и организирање залагање и поддршка за севкупниот
спортски живот во Виница.
ВИНИЦА – ДЕЛ ОД
МАКЕДОНСКИОТ
КУЛТУРЕН МОЗАИК
01 НОВА КУЛТУРНА ПОНУДА
Нови настани и манифестации по кои
Виница станува позната.
02 ТРАДИЦИОНАЛНИ И ПОЗНАТИ
Зголемена поддршка на традиционалните
фестивали и манифестации.
03 ДЕЛ ОД МАКЕДОНСКАТА КУЛТУРА
Актуелни проекции и претстави.
04 ПОДДРШКА НА СЕКОГО
Поддршка на секој автор, уметник и секој
кој успешно се занимава со култура.
ПОДДРШКА НА КУЛТУРАТА Богата програма за одбележување на празникот на градот –
Павловден, средства од 469.370 денари.
Одбележување на ослободувањето на градот Виница со
целонеделна културна и забавна програма, 1.139.256 денари.
МФФ Истибањско Здравоживо со поддршка од 2.150.00 денари.
Меѓународен фестивал за хумор и сатира – Ин Виница Веритас со
поддршка 900.000 денари (од кои општината 240.000).
Редовни проекции на филмови и претстави преку целата година.
Поддршка на автори од Виница за издавање на книги.
ДЕТСКА ЗАШТИТА И
ОБРАЗОВАНИЕ
01 ОПШТИНА ЗА СИТЕ
Проекти во сите училишта на цела
територија на општината
02 ГРАДИНКА ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ
Подобрени условите и изградба на нови
капацитети на цела територија.
03 СТИПЕНДИРАЊЕ И ПОДДРШКА
Зголемена поддршка и стипендирање.
04 ЧИСТА ЖИВОТНА СРЕДИНА
Проекти за фотоволтаици, набавка на
инвертер клими и замена на столарија.
ГРАДИНКИ И РАНА УЧИЛИШНА ВОЗРАСТ
НОВ ЦЕНТАР ЗА РАН ДЕТСКИ РАЗВОЈ ВО С.ЛЕСКИ
Адаптирана училница за ран детски развој во подрачното училиште
во с.Лески, проект вреден 671.000 денари.
РЕНОВИРАН ИНТЕРНАТОТ ВО С.БЛАТЕЦ
Обезбедени услови за престој со целосно реновирање на
интернатот во с.Блатец. Овој проект е со Програмата за развој на
УНДП во вредност 2.065.500 денари финансиран од ЕУ.
РЕКОНСТРУКЦИЈА И ПАРТЕРНО УРЕДУВАЊЕ НА
ДЕТСКАТА ГРАДИНКА
Заменета кровна конструкција и уредување на детската градинка
во Виница. Проект вреден 2.800.000 денари, во соработка со
Швајцарската Агенција за развој.
ГРАДИНКИ И РАНА УЧИЛИШНА ВОЗРАСТ
Информатичка опрема и опрема за греење во занимални во ОЈУДГ Гоце
Делчев во вредност од 312.440 денари.
Белење на целиот внатрешен дел во градинката, а во Објект 2 беше
направено белење на три занимални, ходници, помошните простории,
канцеларии и санитарни јазли 397.008 денари.
Набавка на наставно образовни помагала во вредност од 264.893 денари.
2 индустриски фриждери, една машина за миење садови и количка за
пренесување на храна (донација во вредност од 303.354 денари)
За потребите на воспитните и јаслените групи беа набавени 100 душеци и
100 постелини во вредност: 164.534 денари
ГРАДИНКИ И РАНА УЧИЛИШНА ВОЗРАСТ
За хортикултурно уредување и одржување и набавка на играчки 70 000
денари
Кујнска опрема и прибор за јадење за сите објекти на градинката во
вредност од 139.983 денари
Набавка на мебел - бироа, столови, шкафови,теписи, бокс за
пресоблекување. Вредност: 120.000 денари
Нови електрични шпориња, фрижидер со комора, аспиратор и инвентар
(чаши и прибор за јадење) во вредност од 45.000 денари
Поставени се домофони на сите три влеза во градинката. Вредност:
71.526 денари.
Објектот во с. Трсино е опремена нова кујна.
УЧИЛИШТА ВО ОПШТИНА ВИНИЦА
СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ВАНЧО ПРЌЕ
Набавка на интерактивни табли и топки во вредност од 198 763
Набавка на наставно-образовни материјали, канцелариска опрема, телевизори,
системи, проектор и сл. во вредност од 763 356.
ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Реновирање на внатрешноста на училиштето како и обезбедување на услови за
едносменско работење во ПУ Истибања (поставување ламинат, варосување,
санација на влага, обезбедување на завеси, шкафови, работни маси, канц.
столови и печки).
Реконструкција на просторијата во која се изведува настава по физичко и
здравствено образование.
ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ СЛАВЧО СТОЈМЕНСКИ
Набавка на робот и опрема за програмирање.
Изработка на монографија за училиштето Славчо Стојменски.
ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ КОЧО РАЦИН
Набавка на наставно образовни средства, училишни материјали како и
реконструкција на веќе постоечките училници. Вредност: 385 781 денари.
ПОДДРШКА ЗА СИТЕ
ВО СОРАБОТКА СО ЗДРУЖЕНИЕТО СВЕТ КРСТ СЕ ОБЕЗБЕДЕНИ СТИПЕНДИИ ЗА 2018 И
2019 година – СТИПЕНДИРАНИ 46 Студенти.
УСЛОВИ ЗА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ
- Обезбедени просторни услови за 80 лица со интелектуална попреченост.
Членовите на лок.здружение Порака сега имаат свое катче во центарот на градот.
- Изработка на пристапна рампа за инвалидизирани лица.
ПОДДРШКА ЗА ГРАЃАНСКИ ЗДРУЖЕНИЈА И НВО
Континуирана поддршка. Вредност 1.955.252 денари.
ПОДДРШКА ЗА ДОВРШУВАЊЕ НА ВЕРСКИ ОБЈЕКТИ
Како општина помогнавме во доизградба на неколку верски објекти.
ПОДОБРУВАЊЕ НА УСЛОВИТЕ ЗА ЖИВОТ КАЈ РОМСКОТО НАСЕЛЕНИЕ
Донесување на ДУП за блок 18 со кој ќе се реши урбанизацијата на објектите во Ромското
маало. Реконструкција на 22 куќи во оваа мало на социјално најранливите семејства. 177
семејства кои го почнале процесот на легализација ќе им се помогне да ја завршат
легализацијата комплетно со решение. Проектот ќе се реализира во наредните две
години.
(со подршка на Ромскиот ресурсен Центар, невладината организација CELIM од Италија и општина Виница како грант од европскитефондови од
Програмата за годишни акции во Македонија во рамките на инструментот за претпристаптна помош (ИПА 2)за подршка на социјалнатаинклузија
на Ромите)
ЖИВОТНА
СРЕДИНА
КОМУНАЛНА МЕХАНИЗАЦИЈА
01 Огромни инвестиции во зголемувањето на
возниот комунален парк.
02 ЕКОЛОГИЈА
Нови комунален инвентар и опрема.
Еко Акции и расчистување на диви депонии.
03 ФОТОВОЛТАИЧНИ СИСТЕМИ
Поставени фотоволтаични системи на 4
големи локации во општината
КНООМВНВУУАОПОНЛВКЕДААИОЛШОЦСВАНМИПЧУАООКИНДРМИАНПТЕЛАСАПХНТКАМАТАИНРЕОИСЕШКЗПТАЖИРАЛАЕЦАИМЈАА После 3 децении, нов ровокопач за
потребите на ЈКП “Солидарност“
Ова возило е обезбедено со грант од Светска
Банка во висина од 2.600 000,00 денари, и
дополнителни 1.632 000,00 денари средства од
Буџетот на општината, или вкупната вредност
на возилото е повеќе од 4.200.000 денари.
КНООМВНВУУАОПОНЛВКЕДААИОЛШОЦСВАНМИПЧУАООКИНДРМИАНПТЕЛАСАПХНТКАМАТАИНРЕОИСЕШКЗПТАЖИРАЛАЕЦАИМЈАА Нов Мини кипер за чистење на тешко
пристапни улици
Со ново возило за смет ќе се чисти отпадот од
тесните и тешко пристапни улици во Виница, а
многу повеќе во селските средини. Општина
Виница со подршка на УНДП обезбеди мини
кипер за отпад од марката ФИАТ со вкупна
вредност од 31 000 евра, од кои 26 000 евра се
обезбедени преку УНДП, а другите 5000 евра се
кофинансирање од општинскиот Буџет.
ККОНООММУВНВУУАНОПОНЛАВКЕДААЛИОЛШОНЦСВАНМАИПЧУАООКИНМДРМИЕАНПТЕХЛАСАПХАНТКАНМАТАИНРИЕОИСЗЕШКЗПТАЖИРАЛЦАЕЦАИ ЈИМЈААА Нов мини багер со хидрауличен чекан за
комуналното претпријатие
По разговорите со Јапонската Амбасада,
општината доби нов ровокопач и мини багер со
хидрауличен чекан. Мини багерот е донација од
Јапонската Амбасада во вредност од 29.054
евра а истиот покрај минијатурен ровокопач за
тешко пристапните улици, располага и со
хидрауличен чекан со што значително се
олеснува работата на градежната група во ова
претпријатие.
ККОНОМОМНВУВУНАОУПОНЛАВКЕДАИЛАОШЕОЛНЦМСКНАВАИПООЧАУОМЛИКНДМОРИАЕНПТГЕХЛАПАСИХАНКТАМЈНААИТНИРЕШОИСЕЗКПЗАЖТИАРЛЦАЦЕАИМИЈ АЈАА
НОВ КОМУНАЛЕН ИНВЕНТАР ВО ГРАДОТ
И НАСЕЛЕНИТЕ МЕСТА
Градот е целосно покриен со нови контењери и
столбни канти за отпадоци.
Контењери се поставени и во Градец,
Истибања, Пеклани и Трсино.
ЕКОЛОГИЈА Целосно расчистена депонија кај место м.в. Влашки Рид.
Редовни еко акции за расчистување на дивите депонии околу
градот и населените места.
Расчистување на дивите депонии во с.Истибања и с.Јакимово.
Заштита и санирање на критичните места од коритата на Виничка
и Градечка Река
Регулација на Пааренска Вада во с.Блатец
КФНООМТВНВУУАОПОНЛВКЕДААОИОЛШОЛЦСВАНМТИПЧУОАОКИНДИРМИАЧНПТЕЛАНСАПХНИТКАМАТАИНСРЕОСИЕШКЗПТСАЖИТРАЛАЕЦАИМЈАИА Фотоволтаичен систем во Трсино
Монтажа на 32 фотоволтаични панели на
кровот од училишната зграда во Трсино, кои
освен заштедите на електрична енергија
допринесуваат училиштето, црквата и
игралиштето да се и комплетно осветлени во
текот на ноќните часови. Инвестицијата во овие
фотоволтаични панели е во висина од 1.538.000
денари.
КФНООМНТВВУОАУПОНЛВКЕДАОИАОШОЛЛЦМСНАВТИПОЧАУОИКНДИМРИАНЧПТЕЛНАПАСХНИКТАМАИАТНСРЕШОИСЕКПЗАСЖТИАРТЛАЦЕАМИ ЈИАА
Фотоволтаичен систем на 3 објекти во
градот Виница
Зградата на локалната самоуправа, градинката
„Гоце Делчев“ и гимназијата „Ванчо Прке“ во
Виница добија фотоволтаични системи за
производство на електрична енергија.
ОСТАНАТА
ИНФРАСТРУКТУРА
01 ПЕШАЧКИ ПАТЕКИ
Нови и ревитализирани пешачки
патеки. Нова урбана опрема.
02 ОСТАНАТА ИНФРАСТРУКТУРА
Поставени потпорни ѕидови на неколку
критични локации, метални скали..
03 ОСТАНАТА ПАТНА МРЕЖА
Пробивање на пристапни земјени патишта за
поврзување на населените места.
04 НАВОДНУВАЊЕ
Одржување и развивање на системот за
наводнување низ општината.