The words you are searching are inside this book. To get more targeted content, please make full-text search by clicking here.
Discover the best professional documents and content resources in AnyFlip Document Base.
Search
Published by Arsstudio NadaL, 2019-08-13 08:14:26

Katalog

• мај 2019 •


2
БИОГРАФИИ, БИТКИ, СПОРТ


Ен Едвардс Марија Калас
Интимна биографија
Марија Калас е една од најпознатите и најуспешните светски оперски певици, чиј приватен живот беше повеќе следен отколку професионалниот. Приватно разгалена, склона кон невротични испади, се дружеше со славни личности од својата доба, се занимаваше со глума, со честа промена на тежината и расположението.
Еднаш се омажи, еднаш се вљуби, еднаш роди, а ништо од тоа не ѝ донесе среќа...
3
БИОГРАФИИ, БИТКИ, СПОРТ


4
Винсент Лобруто Мартин Скорсезе
Биографија
Оваа биографија е критичко, културно и психолошко истражување, во кое работата на Мартин Скорсезе е ’рбетот и душата на човекот. Мартин Скорсезе е динамичен
и емотивен. Тој внесува дел од себе во филмовите. Секој од неговите филмови ја содржи неговата ДНК во различен степен.
БИОГРАФИИ, БИТКИ, СПОРТ


Харви и Мерилин Дајмонд
Здрави и вити
Програмата „ЗДРАВИ И ВИТИ” е одлична зашто самата може да претставува одличен почеток на патот кон здравјето. Многумина ќе ја прифатат како програма за губење
на телесната тежина, нешто за што оваа програма навистина постои. Но уште поважно е тоа што таа претставува прв чекор во нешто што може да значи напредување кон еден поздрав и попродуктивен живот.
Пол К. Дејвис
Ова дело ја пополнува празнината во воената историја што до некоја мера е занемарена: оној дел, детален извештај за стоте најодлучувачки битки во историјата. 100 одлучувачки битки нуди подлабок поглед и поголемо покривање на настаните, содржани во една лимитирана листа на теми.
100 одлучувачки битки од античко време до денес
Теодор Ејролт Доџ
Александар
Историја за потеклото и растот на умешноста за војување од најраните времиња до битката кај Ипс, 301 пр.н.е. со детални информации за походите на големиот Македонец
Во современата ера се напишани многу живописи за Александар, некои дури и во рамките на оваа генерација. Многу од најдобрите воени критики биле посветени на оваа тема. Тешко е да се каже за Александар нешто што не било кажано до сега.
Но, голем дел од оваа книга е нов пристап, и авторот со употреба на табели и мапи, прави проучувањето на големите походи на Александар да биде лесна задача
5
БИОГРАФИИ, БИТКИ, СПОРТ


Градина
Во романот Градина основни елементи се чувствата и спомените од годините минати во Ведадо, централна бизнис-област и урбано соседство во Хавана, Куба, особено во градината што ја опкружувала. Авторката го претвора местото што постои во реалниот свет, и во кое минува многу моменти од животот, во имагинарен свет, фантастичен
и симболичен, во интимен пејзаж кој ги восприма, ги осознава и ги пренесува промените и скришните места во својата душа.
6
КНИЖЕВНОСТ


Нека зборува ветрот
Обожавање
Романот Обожавање е заснован врз автобиографски елементи и следи едно момче во Париз, рано останато без татко и неговата поврзаност со неговата мајка.
Одмор
Едвин го минува одморот
на англиското крајбрежје по разводот со Мег. Но, гости
во истото одморалиште, случајно или намерно, се токму нејзините родители кои се обидуваат да го спасат нивниот брак...
Нека зборува ветрот e последниот објавен роман на Хуан Карлос Онети од циклусот за измисленото место Санта Марија составен од два дела опкружени од истите ликови што се главни учесници на дискретно навестената драма.
Олива Кетриџ
Олива Кетриџ е дело за кое американската авторка има добиено Пулицерова награда
е напишано во форма на 13 кратки раскази, меѓусебно поврзани. Олива Кетриџ минисеријата од 2017 год. е во продукција на НВО.
7
КНИЖЕВНОСТ


Парада на љубовта
Во Парада на љубовта никој не знае точно кој е кој, постојано доаѓа до некоја збрка, а резултатот е една весела парада. Токму поради тоа романот е насловен според една од најпознатите комедии на Лубич. Приказната е сместена во Мексико во 1942, набрзо по објавувањето на војна
на Германија. Многу години подоцна, по случајно откривање на едни документи, еден историчар заинтересиран за возбудливиот контекст на настани од тоа време се обидува да разјасни едно нејасно злосторство...
Педи Кларк, Ха, ха, ха
е роман во кој целата приказна е раскажана од гледна точка на едно десетгодишно момче што живее во Ирска. Романот го следи внатрешното патување на Педи кон неговата зрелост.
Најдобар живот
Најдобар живот, како што гласи насловот
на романот, веќе не постои или постои на друго место. Низ него поминуваат луѓе чија смрт е забележана во парохиските книги или во летописот на раскажувачот присутен во книгата. Токму главниот лик, клисарот Мартин Кружиќ од истарското село Радовани ја дава хрониката на својата парохија и на сопствената земја. Малите семејни приказни на свој сопствен начин го прошируваат историскиот простор и ја кажуваат тажната приказна за исчезнувањето на една заедница.
8
КНИЖЕВНОСТ


Писма од Капри
Богат со нијанси и импликации, се фокусира врз една комплицирана љубовна приказна, испреплетена со љубомората, двосмисленоста и фикцијата што се слеваат во животот на главните ликови: Хари, американски новинар и научник што живее во Италија, неговата сопруга и сонародничка Џејн, која за него е врзана со почит и со доверба, а не со љубов, и римјанката Доротеа, девојка од народот и проститутка, кон која Хари искажува жестока и морбидна привлечност. Рим, Париз, Њујорк и Капри ја даваат космополитската рамка за нивната врска за долгото, романтично чувство што се одвива околу една двојна исповед и околу неколку писма што Џејн, очигледно под неодоливо влијание, му ги напишала на еден италијански љубовник...
Плебејска нимфа
Плебејска нимфа се чита во еден здив. Приказната се одвива во измисленото село Нофи, во близина на Неапол. Милуца живее со своето семејство: мајката Нунцијата – темпераментна, заводлива жена што без предрасуди им се предава на животните задоволства без воопшто да се колеба и нејзиниот татко Џакино, скромен кројач. Милуца по бизарната смрт на нејзината мајка, продолжува по стапките на нејзината мајка и влегува во тајна љубовна афера со фабрикантот Дон Пепе без да биде свесна за последиците.
9
КНИЖЕВНОСТ


Раболио
Итар, подвижен, недофатлив, Раболио
е ловокрадец. И тоа најдобар од сите! Ловокрадството му е страст; ноќта е неговото кралство, природата соучесник, а ризикот – дрога. Им пркоси на властите, а на жандармот Бурел му поставува стапици како на зајак. Ноќните ловечки експедиции се претвораат во дуел со смртта, Бурел го демне како дива ѕверка, а Раболио...
Разгледници од ничија земја
Разгледници од ничија земја е роман
за млади. Две приказни се сместени во Амстердам во текот на 1944 и 1994 година. Џејкоб не е подготвен за љубов – или за соочување со прашањата за неговата сексуалност. Трогателен, емотивен и возбудлив, овој исклучителен роман го носи читателот на незаборавно патување низ самооткривањето.
Скришно место
Викторија се сели со мајка ѝ од Бостон
во Њу Оксфорд. Таму Викторија оди
во училиште во зграда што личи на железничка станица и каде што никој не
ѝ посветува преголемо внимание. Тогаш се запознава со Хју Тод, богато дете што го води драмскиот клуб во училиштето...
Џани Родари
Авантурите на Кромитко
Кромитко им се враќа на младите читатели со сета своја животна радост, со својата желба за правда, со својот осет за иронија и со насмевката. Општествената реалност и фантазијата се мешаат и го достигнуваат врвот на хуморот и опуштеноста и допираат актуелни теми, како онаа за солидарноста меѓу „различните“ и за пријателството.
10
КНИЖЕВНОСТ


Селанецот и тинејџерот
Селанецот и тинејџерот е обид да
се изгради една нова митологија на меѓусебните односи на градските и селските луѓе, на младите и веќе не толку млади, на успешните и губитниците. И тинејџерот и селанецот живеат со својата приказна. Една средба со туѓинец ни помага во неговите очи како во огледало да се видиме сабите себе, да донесеме правилни одлуки и да го промениме животот. Но дали одлуката ќе биде задоцнета?
Семеен лексикон
Семеен лексикон не може да се смета
како обична автобиографија, туку на едно мноштво од сеќавања преточени во роман. Приказната постепено го освојува читателот, така што на крајот му станува блиска, вродена...
Старите ѓаволи
Дали луѓето навистина пораснуваат? Овие стари ѓаволи останале исти, но заробени во тела што полека стареат...
11
КНИЖЕВНОСТ


Приказна за мојот народ
Приказна за мојот народ е искрена, емоционална, автобиографска приказна
за авторот, приказна која буквално се чита во еден здив. Едоардо Нези пишувајќи во прво лице, ја истакнува големата криза
на текстилната индустрија во Прато, во близината на Фиренца што го засега лично него како претприемач, но и многу негови сожители. Во делото е опишана историјата на семејството Нези, традицијата на нивната компанија и нејзината неминовна продажба. Во Приказна за мојот народ се опишани причините и последиците од индустриската криза како резултат на глобализацијата,
и авторот нè внесува во текстилната индустрија на Италија позади завесите.
12
Татковата куќа
Татковата куќа е ремек дело на авторот Џорџо Монтефоски, во кое целото дејство се одвива во Рим, родниот град на авторот. Во еден семеен лавиринт се вкрстуваат нишките од минатото и сегашноста. Од аспект на главниот лик, Пјетро Белели е опишан животот на три генерации, нивните копнежи, радости, загуби и заемни семејни врски...
КНИЖЕВНОСТ


Студените ѕвезди
Приказната започнува кога главниот
лик, типичен, а успешен претставник
на неокапиталистичкото потрошувачко општество. Неочекувано, откако сопругата ќе го напушти, решава да ја прекине секоја врска со секојдневниот свет и се враќа во својата куќа на село. Идилата и мирот на кои се надева ги прекинува истрел од кој загинува поранешниот сопруг на неговата Ида. Сите се сомневаат во него, а од тој миг приказната го менува својот правец, станува необична, интригантна...
Тесна патека кон далечниот север
Темнина
Приказни од животот за неговите темни
и скриени агли, исклучителна збирка за вообичаени лудости што оставаат горчина и автентичност. Една жена, инспекторката Аделе Софија се среќава во сите раскази со својата хуманост и упорност на човек што сè уште има чувство за правда. Ги истражува насилствата, грешните животи на луѓето, како и осаменоста на нивните жртви...
Приказна за Дориго Еванс, австралиски лекар прогонуван од љубовната афера
со сопругата на вујко му. Романот ја прераскажува незаборавната приказна на еден човек што се помирува со љубовта и смртта, војната и вистината, сопственото созревање и напредок...
13
КНИЖЕВНОСТ


Водите на Харама
Водите на Харама е роман во неореалистичен стил на шпанскиот писател Рафаел Санчез Ферлосио, кој е добитник на престижната награда Сервантес. Приказната е за единаесет млади луѓе од Мадрид кои еден жежок неделен ден го поминуваат
на село за да избегаат од здодевното секојдневие во градот. Ова дело влезе во историјата на шпанските поствоени романи и се претвори во задолжителна референција за општествениот реализам. Тоа е симултана и објективна приказна во трето лице, чие дејство се одвива во текот на шеснаесет часа.
Светската машина
Во овој роман авторот мајсторски ги вплетува темите и изразните методи што му се особено драги: односот меѓу селскиот и индустриско-градскиот свет, разурнувачкиот набој на една застарена идеологија, моралната затвореност и глувост на италијанското општество,
во едно импресивно јазично и стилско експериментирање.
Алан Холингхерст
Линија на убавината
Во овој роман се испреплетуваат лицемерството, хомосексуалноста, лудилото и привилегиите. Додека земјата цвета
во 80-те години на 20 век, главниот лик Ник, неупатен во политиката и парите, станува дел од светот на семејството
Феден – раскошни забави, изненадувачки сојузништва, цели паради на згоди и незгоди. Ник открива дека може да се занимава со убавина – опсесија на која ѝ се покорува како што неговите пријатели им се покоруваат на моќта и на богатството.
14
КНИЖЕВНОСТ


Толку голем
Толку голем е вртоглава панорама на животот на високите и ниските класи во Чикаго. Следејќи ги маките и успесите на ќерката на еден коцкар, Селина се бори да го задржи своето достоинство, семејството и разумот соочена со бракот, животот на вдовица и животот на самохрана мајка. Делото нуди уникатен поглед на немаштијата, сексизмот и поттикот за успех во општеството.
Забите на змејот
Забите на змејот е најпрославениот роман во серијалот за Лани Бад, кој ја освои Пулицеровата награда. Веднаш по колапсот на пазарот на акции, финансиската проникливост на Лани Бад, како и бракот со богатата наследничка му овозможуваат да продолжи со животниот стил во кој отсекогаш уживал...
Жега и прав
Жега и прав е приказна за две жени што ја посетуваат Индија и влијанието што го има земјата врз нив. Едната е убава и разгалена, Оливија, што се досадува во еден мал град каде што нејзиниот сопруг работи во државна администрација. Мечтаејќи по страсти и независност Оливија го напушта својот сопруг за индиски принц, создавајќи скандал кој долго ќе тлее во колективното сеќавање, долго по нејзината смрт. Другата е нејзина правнука што педесет години подоцна се враќа во жегата, правта и валканиот пазар во Сатипур за да ја реши загатката за скандалот на Оливија...
15
КНИЖЕВНОСТ


Весело, млади
Во тој краткотраен ден исполнет со љубов не постојат планови, сметки, каења, меланхолии и проблеми. Сè е препуштено на инспирацијата, на фантазијата, на моментот, на случајот...
Смртно и розово
Во Смртно и розово авторот ја евоцира смртта на својот син. Од разорното откритие на загубата, писателот гради еден долг монолог во кој смртта дејствува како прекрасно алиби што го претвора човечкиот кошмар во катарзична и ослободувачка сила.
Маргарет Ајер Барнс
Години на милост
Приказната го бележи животот на Џејн Вард Карвер од тинејџерските години до 54-годишна возраст. Фокусирајќи се на општествените манири на општеството од повисоката средна класа женските главни ликови се традиционалисти и се обидуваат да ја задржат конвенционалната моралност соочени со промените во општествената клима.
16
КНИЖЕВНОСТ


Клод Фарер
Цивилизираните
Мевил, Торал и Фиерс целосно му се препуштаат на сладострасниот живот
во Сајгон, исполнет со блуд, разврат и консумирање опиум кон крајот на 19 век, притоа трагајќи по вистинската љубов.
Гофредо Паризе
Буквар бр. 2
Писателот му посветува кратка приказна на секое чувство по азбучен ред, повторно откривајќи ја на тој начин најавтентичната вредност на чувствата по многубројните патувања и искуства.
Франциско Ајала
Книга на спомени и доживувања преку кои Ајала го обработува дуалистичкото сфаќање на љубовта и болката, нежноста и суровоста, животот и смртта. Составена е од различни приказни, напишани
низ годините, приказни што се чинат неповрзани, но кои имаат невидливи нишки што ги спојуваат создавајќи една целина.
Градината на земните наслади
Црвениот Бразил
Жан-Кристоф Рифен
Црвениот Бразил е роман во кој се раскажува еден невообичаен и непознат дел од ренесансата: првото освојување
на Бразил од страна на Французите, под водство на витезот де Вилгањон и се заснова врз вистински факти добиени од различни извори, особено од мемоарите на еден од протестантите од неговите редови.
17
КНИЖЕВНОСТ


Ен Тајлер
Часови по дишење
Ајра и Меги Морган. Таа е брзоплета, непромислена и безгрижна; тој е способен, трпелив, навидум безгрешен. Во брак
се веќе 28 години. Го почнуваат денот присуствувајќи на погребот на најдобрата пријателка на Меги, а го завршуваат справувајќи се со последиците од незапирливиот нагон на Меги да се меша во туѓите животи.
Елена Кољадина
Цветен крст
Приказна за Феодосија Строганова и ревносниот отец Логин кој се обидува да ја изведе на „вистинскиот“ пат. Изобилувајќи со руски народен фолклор и традиции, жив јазик, „мрсни“ зборови и шеги, Цветен крст ја предизвикува потрагата по одговорот на прашањето „Што е грев, а што е светост?“.
Елена Кољадина
Под мостот на карамела
Книга за љубовта, за Љубов со голема буква, за Љубовта како идеја...
Лета живее во семејство на интелектуалци, со нејзиниот татко и баба. За нејзината мајка не знае ништо, освен погрдните зборови за неа од нејзините баба и дедо. Еден случаен телефонски повик открива една долго чувана мачна тајна од минатото, која бабата и таткото со сите сили ја криеле од Лета...
18
КНИЖЕВНОСТ


Хауард Џејкобсон
Финклеровото прашање
Испреплетените животи на тројцата пријатели му овозможуваат на Џулијан Треслав да создаде своја замисла за тоа каков би сакал да биде неговиот живот. Неговата постојана потрага по совршена љубов го носи од една прегратка во друга, но тој сè уште не може да го најде тоа што го бара.
Џани Родари
Авантурите на Кромитко
Кромитко им се враќа на младите читатели со сета своја животна радост, со својата желба за правда, со својот осет за иронија и со насмевката. Општествената реалност и фантазијата се мешаат и го достигнуваат врвот на хуморот и опуштеноста и допираат актуелни теми, како онаа за солидарноста меѓу „различните“ и за пријателството.
Елена Кољадина
Горчливи води, слатки води
Главниот лик Јулија, еколог, заминува да
ги проучува мочуриштата во околината на Рибинското Езеро. Авторот уште од првите редови поставува загатка, која ќе ја решава во текот на целото дејствие и дури на самиот крај сите нешта доаѓаат на свое место.
Хорхе Едвардс
Куќата на Достоевски
Текст за ангажираната генерација што еволуираше и ја плати цената на таа слободарска еволуција. Роман на Хорхе Едвардс, кој преку маестралниот стил и големата зрелост како писател, ги открива литературните тајни на овој значаен автор.
19
КНИЖЕВНОСТ


Анита Брукнер
Хотел на езеро
Приказната раскажува за Едит Хоуп, која пишува романтични романи под псевдоним. Кога животот ќе почне да ѝ прилега на заплет од еден од нејзините романи, таа бега во Швајцарија, каде што Хотел на езеро со својот спокоен луксуз ѝ ветува враќање на самата себе. Но наместо одмор и мир, во ретката и необична атмосфера
на хотелот, срамежливата Едит наидува на цел асортиман на прогоненици и жртви на љубовта.
Роже Икор
Мешаните води
Во Мешаните води се проткајува приказната за вечниот судир меѓу генерациите. Семејството руски Евреи, нагло пресадено во нова и различна цивилизација, дозволува да го маѓепса шармот на новиот крај во кој со текот на времето ќе се измешаат старите сокови со новите. Но во ова мешање се јавува отпор на старите навики и сфаќања. И покрај сите препреки што му ги наметнуваат традиционалните обврски на семејството, ќе ги раскине сите расни и религиозни предрасуди.
Керолајн Милер
Јагне во душата
Извонредна приказна за Кин и Лонзо, млад брачен пар кој го почнува својот живот две децении пред Граѓанската војна. Романот ја преминува регионалната историја бидејќи нејзината ненаметлива лирична проза ѝ оддава признание на жената што живеела близу природата – природата во неа и природата надвор од неа.
20
КНИЖЕВНОСТ


Марија Белончи
Интимна преродба
Навидум биографија на Изабела од
Есте, која станува маркиза од Мантова, неуморна, енергична и одлучна владетелка, која се грижи и за судбината на својата држава и на своите роднини, а особено на своите машки деца. Почетокот на 16 век е период на расцут на сите полиња на уметноста во Италија, но и на љубовни врски и заговори, соперништва и дипломатски итрини, убави и привлечни дами и ужасни суровости, елегантни свечени прослави и жални настани се редат без прекин со меланхолични описи на пејзажите.
Керол Шилдс
Камени дневници
Керол Шилдс, на ироничен и шеговит начин, ја крои трогателната приказна на Дејзи Гудвил, аџика од 20 век, која е во потрага по самата себе додека се движи од улога на дете, сопруга, вдовица и мајка, а исто така создава слика за бурните периоди на нашата доба...
21
КНИЖЕВНОСТ


Перси Хауард Њуби
Кој да одговара?
Во овој збркан свет во 1956 година, Таунроу мора да ги преиспита правилата според кои си го живеел животот – да се запраша дали, и тој, треба да одговара за нешто?
Надин Гордимер
Конзерватор
Меринг е богат. Ги има сите привилегии
и сè друго што може да понуди Јужна Америка, но неговите предмети не сакаат да останат само објекти. Сопругата, синот и љубовницата го напуштаат; надзорникот и работниците стануваат сè порамнодушни кон неговото раководство; дури и земјата се бунтува, прво како суша, а потоа како поплава за да го уништи.
Оскар Хиуелос
Двајца кубански музичари од Хавана, браќата Кастиљо, во ерата на Мамбото, одат на големата сцена на Њујорк, каде стануваат ѕвезди на танцувачките сали, додека нивниот оркестар свири бујна, сензуална, пулсирачка музика која им ја носи титулата Кралеви на Мамбото. Ова е нивниот момент на младост, изобилство, љубов и слобода – златно време кое децении подоцна се памети со носталгија и длабока наклоност.
Кралевите на Мамбото свират љубовни песни
22
КНИЖЕВНОСТ


Џузепе Томази ди Лампедуза
Леопард
Зборувајќи за настаните од минатото, авторот зборува за настаните од сегашноста, односно за сицилијанскиот дух цитиран неколкупати како леопардски. Промените што се случиле на островот повеќепати во текот на историјата го адаптирале сицилијанскиот народ кон други „освојувачи“, но без да ги променат суштината и карактерот на самите Сицилијанци.
Вилјам Фокнер
Крадци
Со своите комични епизоди, овој пикарски роман ја прикажува приказната на тројца крадци на автомобил од рурален Мисисипи кои тргнуваат во една херојска авантура
за која воопшто не се подготвени, и која завршува во борделот на г-ца Риба во Мемфис. Коњски трки, тепачка со ноќ, кавги со шерифот, проститутки што стануваат чесни во најневеројатниот миг.
ЕЏранеисРтодФаерриеро
АНв.антурите на Кромитко
КВроормоимтакнооитмНс. есевроапќиашнуавамплеардиотедочтиптаотели саобдсиецтаирсавњојеатжоинваоНтнаапорлаедонстБ, осонаспваорјаттаа ижеплрбоагознаоптрнаавдоаст, рсовсовтоЕјолтбоас. еНтезгаовииротнија пирсеоснтоајснмаевоксатртао.вОотпшготеосптившенуваатаглраеванлинотст пирфоатангтоанзијсаттавосероммеашнаоат,т биигболидостетикагнруовтаат вМравроттинао,хпурмиотроат аиноаплуишзитернаојќситагои Ндоапиолреаоант аБкотнуаепланриттаекмаик,оклаикочноонсатаизвалсаодлеитдеалр. носта меѓу „различните“ и за пријателството.
23
КНИЖЕВНОСТ


24
Клаудио Магрис
Микрокосмоси
Магрис тргнува на патување за да открива и да истражува помали и ограничени простори, девет микрокосмоси, девет мали света во кои одминувањето на времето се забележува само во физичките промени
на луѓето, нивниот ритам на живеење, единствено историските настани или ненадејно снемување на некој постојан посетител повремено го нарушуваат, во кои единствените промени се периодичните менувања на годишните времиња.
Клаудио Магрис
Друго море
Вистинска приказна за едно фатално пријателство кое дури ни смртта не успева да го поништи во почетокот на 20 век. Морето, како лајтмотив во овој роман,
е метафора за блискиот Јадран, но и за далечниот Атлантски Океан, кој смело и решително го преминува јунакот Енрико на патот кон сопственото себеспознавање.
КНИЖЕВНОСТ


Клаудио Магрис
Запрена постапка
Најновото ремек-дело на Клаудио Магрис
e нежен и страстен роман, во кој авторот се справува со опседнатоста од војната во секое време и во секоја земја, речиси неразделна од самиот живот: една универзална, сеопшта војна, црвена од крв, црна како складовите на корабите за превезување црни робје, мрачна како морето што голта богатства и судбини. Запрена постапка е приказна за човекот што го жртвува својот живот за идејата во Трст, градот-пристаниште скриен во внатрешноста на границата меѓу културите, јазиците и световите, едно таинствено и загадочно место, воедно и родното место на авторот, град на крстосница, меѓу копното и морето, војната и мирот со уникатна и треперлива култура, да изгради еден гротескен
Музеј на војната, со основна цел величање на мирот, на неговите сали и на неговите оружја, од кои секое раскажува случки на страст и безумие. Затоа доаѓа како природно прашањето што си го поставува Луиза како куратор на Музејот додека
се справува со комплексната задача на неговото оформување: дали збирката што треба да ја изложи ќе го спаси човештвото од повторување
на неговото трагично и крваво минато и дали распоредот на воените експонати реално ќе ги валоризира и ќе ги меморира извршените зла и ужаси? Дали Музејот навистина ќе придонесе да се воспостави универзален мир, еднаш засекогаш? Со своето целосно и распарчено раскажување, прецизно и истовремено визионерско, Магрис копа со беспоштедна суровост во бездушниот пекол на нашите вини и го раскажува потресниот епос на трагедии и одмолчувања на љубовта и на ужасот.
25
КНИЖЕВНОСТ


Click to View FlipBook Version